13:47 - 9 ноември, 2026

Вежби за природно зголемување на градите

Градите освен со вградување силикони и со „волшебни“ препарати, можете да ги зголемите и со проверени вежби кои освен атрактивен изглед ќе ви подарат и подобро држење на телото и општо здравје на организмот. Физичките вежби ќе го зголемат обемот на градите во целост, ќе им дадат тонус и импресивен изглед.

Пред да почнете да ги правите вежбите, загрејте ги мускулите и истегнете се. Овие вежби треба да ги правите 2-3 пати неделно, бидејќи тоа е идеално за градите. Никогаш не вежбајте два дена по ред бидејќи на мускулите им треба време за опоравување.

Вежба број 1
Една од поефикасните вежби за зголемување на обемот на градите се сметаат склековите. Дланките треба да бидат поставени малку пошироко од ширината на рамениците, стапалата составени или благо раздвоени. Правете три серии по 15-20 повторувања. Во прво време, додека мускулите не се зајакнат, правете ја оваа веќжба на колена, во умерено темпо.

Вежба број 2

Другата ефикасна вежба за зголемување на градите во домашни услови е вежбата склекови покрај ѕид. Се изведува лесно и едноставно. Ставете ги рацете на ѕид и правете склекови. Се прават три серии по 10 повторувања. Вежбите се прават многу бавно.

Вежба број 3

Најефикасна вежба за зголемување на градите е следнава. Легнете на подот или на топка (ако сакате да ги подигнете градите) и дигајте тегови. Три серии по 8-10 повторувања. Вежбата се прави во умерено темпо.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....