8.8 C
Скопје
04:33 - 24 април, 2024

Кога да реагирате? Препознајте ги симптомите на дијабетес кај децата

Имунолошкиот систем го штити човекот од вируси и бактерии. Но, некои поединци имаат имунолошки систем кој не функционира најдобро, како во случајот на дијабетес кај децата и ги напаѓа клетките од панкреасот кои произведуваат инсулин. Заради тоа во телото се создава малку или нималку инсулин.

Инсулинот е хормон кој произведува посебни клетки во панкреасот кои се стимулирани со шеќерот во крвта, јаглехидратите и скробот. Откако варењето завршува, шеќерот или гликозата влегува во организмот за да ги нахрани клетките. Без инсулин клетките гладуваат, а шеќерот кој останува во крвотокот може да ги уништи другите органи. За да се нахрани телото мора да се потпре на други извори кои не се секогаш достапни или предизвикуваат оштетување на ткивата и органите.

Свеста за знаците и симптомите на дијабетесот кај децата, познат и како дијабетес тип 1, е важна за да се стави болеста под контрола. Децата и тинејџерите во секое доба можат да ја развијат оваа состојба, а понекогаш се јавува дури и кај бебињата.

Обрнете внимание на овие знаци на младешки дијабетес:
– Прв симптом се сувата уста и интензивирната жед.
– Губење на тежината.
– Девојчињата со дијабетес се посклони кон чести вагинални инфекции, а кај помалите деца може да се појави пеленски осип.
– Децата со дијабетес се жалат на замор.
– Претераното чувство за глад е знак дека нема доволно шеќери во клетките и дека телото е гладно.
– Заматен вид се јавува кога нивото на шеќер во крвотокот е високо.
– Децата со дијабетес се почувствителни и лесно се расплакуваат.
– Честото уринирање заради високиот шеќер во крвта кој ги тера бубрезите да произведуваат дополнителна урина.

Дијабетесот е сериозна болест која може да предизвика кома или дури смрт. Ако нивото на шеќер нагло порасне, детето може да падне во дијабетичка кетоацидоза. За среќа, повеќето дијабетичари живеат долго и здраво. Симптомите на дијабетес кај децата лесно се воочуваат навреме, а веќе кога родителите се свесни за болеста, преземаат чекори за нејзино контролирање.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....