09:55 - 28 ноември, 2026

Детоксикација на телото со јаболка

Прочистувањето на телото со јаболка помага за регенерација и за чистење на цревата, на крвта и општо за препородување на целото тело. Овој метод позитивно ќе влијае и на вашиот нервен систем, забрзување на метаболизмот и губење на тежината.

Практикување на методот еднаш месечно има превентивен и дезинфекциски карактер, а доколку се применува еднаш неделно резултатите ќе бидат уште повидливи. Најдобро е јаболката кои ги користите да се органски и без штетни хемикалии. Во текот на денот на чистење на организмот не треба да се јаде друга храна.

Методот на прочистување на организмот со јаболка се врши во неколку чекори, кои ви ги прикажуваме во продолжение.

Веднаш по будењето испијте една чаша сок од јаболко,во кој ќе додадете сок од половина свежо исцеден лимон.

За ужина, изедете две цели јаболка.

За ручек испијте чај направен од јаболкова кора со додаток на две лажички мед.

За попладневната ужина повторно изедете две цели јаболка.

За вечера изедете една чинија со топло пире од рендани јаболка со додаток на 2 лажици мед.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Дали екраните навистина им штетат на децата? Осумгодишно истражување на фински научници откри изненадувачки резултати

К.С.

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Планирате бременост?

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.
Се вчитува....