02:32 - 29 ноември, 2026

ВИДЕО | Австралиец се прости од својата тетка на свој начин: „Нацрта“ срце со помош на овци

Еден австралиски фармер се прости на необичен начин од неговата тетка која починала по двегодишна борба со рак.

Бен Џексон не успеал да ја види својата тетка Деби пред нејзината смрт поради забрана за патување воведена поради пандемијата на коронавирусите, ниту пак можел да присуствува на погребот.

Така, тој одлучил да се збогува со својата тетка на свој начин и да покаже колку ја сака.

Фармерот го направил ова со помош на своето стадо овци, расфрлајќи житарици низ пасиштето во облик на срце, и додека овците ги јаделе, тие формирале форма на бело срце.

Сè било снимено со дрон, а снимката стана вирална и растажи илјадници луѓе ширум светот, откако Џексон ја објави на интернет.

Извор: Гардијан

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....