18:33 - 18 август, 2026

НАУКАТА СТОИ ЗАД ОВАА ФОРМУЛА ЗА СРЕЌА, КОЈА ФУНКЦИОНИРА ЗА СЕКОГО!

Повеќе од 18.420 луѓе ја одиграа играта за овој експеримент

Во потрага по равенка која ќе докаже што ги прави луѓето среќни, научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) измислија игра наречена „Проект за среќа“. Открија интересни работи.

Во играта, учесниците се охрабруваат да донесат некои ризични одлуки, а потоа да објаснат дали мислат дека со таквата одлука ќе постигнат некаква цел или не, и зошто, пишува Вечерњи.

 

Повеќе од 18.420 луѓе ја одиграа играта за овој експеримент, а научниците следеа дали се забележува врска помеѓу среќата и успехот.

Тимот на UCL откри дека сите тие „генерализирани“ формули и совети се важни за среќата – како што се: повеќе сон, вежбање, здрава исхрана, медитација или поминување повеќе време со семејството – но и тоа не ги прави сите среќни, па се обидоа да пронајдат една работа што би била заедничка за сите луѓе.

 

„Бидејќи знаеме колку се среќни луѓето да играат игри, сакавме да видиме дали играта може да ни даде подетални информации за комплексноста на среќата и досега сфативме дека среќата во голема мера е одредена од нашите очекувања“, изјави авторот на студијата Роб Рутлеџ за Дејли Меил.

Тој објасни дека кај неговиот тим од 18.420 луѓе кои учествувале во играта, забележале дека нивното ниво на среќа не зависи толку од тоа колку добро се снаоѓаат, туку зависи од тоа дали им оди подобро отколку што очекуваале.

„Големите очекувања се голема „кочница“ за среќата“Г, вели Рутлеџ, објаснувајќи дека е „најздраво“ е секогаш да се има реални очекувања.

 

Сепак, постојат ситуации кога намалувањето на очекувањата не е лоша идеја, на пример, кога одите на одмор каде што очекувањата можат да бидат нереални ако ги засновате на ентузијастичко прераскажување на пријател кој штотуку се вратил од истото место.

Најмногу ќе уживате ако не очекувате дека сè ќе биде совршено, но исто така не очекувате катастрофа“, вели Рутлеџ.

Во овој експеримент, неговиот тим откри и дека некои посакувани настани можат да предизвикаат кај луѓето само привремено чувство на среќа, што, како што вели, е сосема нормално.

 

Можеби мислите дека нешто не е во ред со вас ако не се чувствувате среќни цело време заради подобрувањата што ги посакувавте, но временски ограниченото задоволство е всушност процес на адаптација кој ни помага да се навикнеме на нови околности додека се подготвуваме за следните чекори “, рече Рутлеџ.

Затоа, тој предложува, да гледаме на среќата како алатка или средство, а не како цел – само тогаш чувството на среќа може да ни открие дали работите за нас се одвиваат зачудувачки добро, нè мотивираат во клучни моменти или нè известуваат дека треба да го промениме она што го правиме.

Слични објави

(Фото) По семејниот одмор во Египет — Сара Мејс запеа во розов фустан со пердуви во Крушево

Еспресо

Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за поранешните партнери и бракот со 35 години помладиот Вељко

E.A.

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо
Се вчитува....