17.8 C
Скопје
14:30 - 18 октомври, 2026

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Добриот изглед на Наташа Беквалац отсекогаш бил коментиран, па дури и кога ќе признае дека качила неколку килограми, таа важи за неверојатна убавица.

Пејачката во последните две години ја доведе својата линија до совршенство – иако вели дека генетиката игра голема улога во нејзиниот изглед, Наташа признава дека дисциплинираниот однос кон храната е заслужен за нејзиниот изглед по 40-тата година.

„На мои години не станува збор дека можам да јадам што сакам и кога сакам или дека воопшто не вежбам. Пред 15 години можев да кажам дека тоа е само мојата генетика, но сега работите се сменија. Секој ден имам точен план – знам каква храна да јадам, колку вода да пијам и колку да мрдам. Морам да бидам во топ форма во секое време. Ако пропуштам 10 дена вежбање, тоа многу го забележувам“, изјавила таа за ТВ Курир.

Кога од своето мени отстранила печива, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови, таа изгубила 10 килограми за еден месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Овошје јаде само во недела, а дозволено е секаков вид на месо, доколку не е претерано масно.

Наташа не се откажала од јајца и млечни производи, но признава дека не јадела многу сирење. Јадела свеж зеленчук во неограничени количини, а омилени и се зелка, зелена салата, кромид, домати и карфиол, брокула…

Најмногу јаде јаткасти плодови, а пие и по два и пол литри вода дневно.

За нејзината совршена линија пресуден бил и распоредот на консумирање храна. Шест дена строго се придржува до препишаната храна, а потоа во недела јаде ориз, компир или тестенини.

Единствената храна од која целосно се откажала биле слатките, а одлични резултати дале и редовните тренинзи.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....