23:10 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЛИДЕ НА ВЕНКО СО НОВА ПРАЗНИЧНА ПЕСНА: Дедо мраз без маска, ирваси без рогови…

Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Лидија Гиновска е девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја, позната за јавноста како Лиде на Венко денес на својот ЈуТјуб – канал објави нова песна.

„Дедо мраз без маска ирваси без рогови со тебе ќе ги поминам сите можни рокови. Сјајна си ѕвезда на малата елка мачката моја цело време ја мерка“, се дел од стиховите на новата празнична песна на Лиде.

Оваа „инстант“ празнична песна креирана од страна на Лидија  е созданена со цел да не забавува и за момент да не оттргне од секојдневните проблеми.

Како автори на текстот се потпишуваат Лиде Лиде и Бате Тане, а Стевче Јаневски се потпишува како автор на музиката и аранжманот.

Лиде на Венко, Лиде Лиде, Ретро Лиде или едноставно Лидија Гиновска е една од ретките личности во нашата земја која успеа да нè насмее и кога не ни беше до смеење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)


Го прележа коронавирусот, се вакцинираше, сè уште ја чека поканата од министерот Филипче за кафе, работи како обезбедување и ужива во креирањето на пародии и хумор со една и единствена цел, да разубави нечиј ден.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....