01:29 - 12 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Сончев период, еве точно кога стартува!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните предели а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, потоа, во следните неколку денови времето ќе се задржи претежно облачно, додека особено во среда ќе има услови за повремен локален дожд со послаб нтензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, и истите ќе условат топење на снежната покривка на планинските места. Повеќе сончеви периоди ќе има од четврток.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....