12.8 C
Скопје
20:33 - 18 октомври, 2026

Снашките Меган и Кејт ќе мора да се погледнат в очи на свадбата кај Бекамови

Меган Маркл и Кејт Мидлтон очи не си виделе со месеци, но наскоро изгледа дека ќе мора да се сретнат на венчавката на синот на Викторија и Дејвид Бекам.

Деновиве поранешниот фудбалер и поранешната Спајсица ќе ги разрешат последните двоумења за свадбарските покани. До сега се „нечкаа“ зашто не знаеле што да направат за да не создадат случајно некаков срам или инцидент, ама изгледа дека на крај ќе мора да ги поканат – И ДВЕТЕ снашки. И Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

Бекамови, кои се sвезди во Англија и пошироко, се многу претпазливи во изборот на гостите на свадбата на синот Бруклин со невестата Никола Пелц, а настанот секако ќе ги привлече сите познати личности.

Двајцата актери ќе се венчаат во 2022 година и Викторија планира голема свадба. И Сасекс и Кембриџ се на листата на гости. А и не може да е поинаку, зашто Бекамови беа присутни на свадбите на двете кралски двојки.

Според „Мирор“, Викторија би била многу загрижена да ги покани двете снаи бидејќи односите се влошиле.

„Викторија е малку загрижена да ги покани двата пара на венчавката – вели извор за „Мирор“ -, бидејќи целото внимание ќе биде посветено на кралските двојки, а не на синот и неговата идна сопруга … Но од друга страна, таа и Дејвид би сакале да одржуваат добри односи со двата пара“.

 

 

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....