04:25 - 5 април, 2026

ФОТО | Северина го избриша сопругот Игор Којиќ од Инстаграм: На листата пријатели го додаде актерот Милош Биковиќ

Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ не се следат на Инстаграм нешто повеќе од еден месец, а пејачката, која има над милион следбеници, до неодамна не следеше ниту еден профил. Меѓутоа, тоа сега се промени.

Имено, Северина деновиве заследи 30 профили на социјалната мрежа. Меѓу нив се кошаркарите Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, со кои се дружеше на прославата на Дончиќ, која тој неодамна ја организираше.

Фото: Instagram

Таа, исто така, заследи и неколку нејзини долгогодишни соработници, пријателките Ива Радиќ и Петра Гража, како и актерите Горан Богдан и Христина Поповиќ.

Меѓу славните личности кои пејачката ги заследи е актерот Милош Биковиќ, кој неодамна се најде во центарот на скандалот откако поранешната Арина Волочина го окарактеризира како груб егоцентрик, споделувајќи детали од врската со Милош на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Од светските sвезди, Северина ги заследи Ријана, Мадона и Брус Спрингстин, за кого во повеќе прилики има истакнато дека е нејзин омилен пејач.

Инаку, Игор Којиќ веќе некое време ужива во хрватското крајбрежје. Тој редовно објавува моменти од летниот одмор на својот инстаграм – профил, а од неговата сопруга нема ни трага ни глас.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....