23:50 - 29 април, 2024

ЛУКСУЗИТЕ НА МЕСИ: Од тоа како се храни до вилите, хотелот, авионот, колекцијата на автомобили…

Чекање кое траеше повеќе од 24 часа, но на крајот Лионел Меси слета во Париз во вторникот на 10 август, а потоа, следниот ден, ги изговори своите први зборови како играч на ПСЖ. Тој ќе го носи дресот со број 30, неговиот број во првите години во Барселона. По гламурното збогување, со него сега е нов тим, во нов град, во нова лига, и тој ќе брка други победи.

Исхрана според „менито“ на Позер

tviter

Има многу тајни поврзани со Меси. Меѓу нив, и диетата. Неговиот нутриционист е Италијанец: неговото име е Џулијано Позер. Тој направи револуција во неговата исхрана, откако му препорача пет клучни намирници: вода, маслиново масло, цели зрна, свежо овошје и свеж зеленчук. Му препорача да конзумира секојдневно и ореви и да ја намали на минимум количина шеќер. Сепак, прекумерната потрошувачка на месо, која е премногу честа појава во Јужна Америка и Шпанија, не му ја препорача.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


Меси сака печено пилешко со зеленчук и котлет подготвен на милански начин, а најмногу сака храна зготвеа од неговата мајка. Сепак, тој се префрли на речиси веганска исхрана веќе неколку години по проблемите со варењето и нагоните за повраќање што го погодија во неколку наврати во Барселона и Аргентина.


Спортист како Меси не може да не се грижи за деталите. Особено за време на неговите тренинзи. Аргентинецот многу сака да тренира на усовршување на брзината и агилноста. За агилноста прави скокови со пречки. Не само тоа: на крајот од секој тренинг пие многу вода за да остане хидриран, а потоа џогира 5-10 минути. Станува збор за вистински „воркохолик“.

Куќата во Мајами – бесна и дизајнирана од Порше

Неодамна Меси си купи луксузна куќа во Мајами. Имот вреден седум милиони евра во елегантната Porsche Design Tower, завршена во 2017 година, сместена на брегот на Сончевите острови. Брендирана од германскиот производител на суперавтомобили со истото име, зградата може да се пофали со три лифтови за автомобили што им овозможуваат на жителите да го паркираат своето возило на ист кат со нивниот апартман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Куќата во Барселона без „пиле да прелета“

Не е само сопственик на вилата во Мајами. Меси во Барселона има куќа вредна 6,2 милиони евра. Со поглед на море и во зона за забранети летови. Се наоѓа во ексклузивното предградие Кастелдефелс и има мало фудбалско игралиште, базен, затворена теретана и игралиште за неговите три деца. Покрај овие привилегии, аргентинскиот шампион има и цела (посебна) соба за неговата колекција дресови, разменети со противниците во сите овие години од кариерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


Приватниот авион како подвижна куќа

Меѓу богатствата на Меси е и приватниот авион вреден 13,7 милиони евра. Дизајниран е од аргентинска компанија – специјално за него и за неговото семејство, со имињата на неговата сопруга Антонела и децата Тиаго, Чиро и Матео. Овие имиња се појавуваат на скалите на авионот.

Авионот ги има сите удобности по желба на Меси: има кујна, две бањи, седишта за 16 лица, а седиштата може да се преклопат и да се направат осум кревети. Накусо, максимална удобност и уште повеќе од тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


Хотел со 77 соби близу Барселона

Меси си купи и хотел за речиси 30 милиони евра во крајбрежното гратче Ситџес, на 40-на километри од Барселона. Хотелот „МиМ Ситџес“ има четири sвезди и се наоѓа на само 100 метри од морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Располага со 77 соби, вклучувајќи пет помали апартмани и еден голем апартман, а ноќевањето чини околу 150 евра за стандардна соба. На покривот има Sky Bar кој може да се пофали со панорамски поглед на градот и Средоземното Море, како и базен. Има и сауна, мини СПА центар, тушеви на сензори, базен со слатка и базен со солена вода.

Колекција на автомобили од 3,5 милиони евра

Се вели дека неговата колекција на автомобили вреди 3,5 милиони евра. Почнувајќи со неговата 1,7 милиони евра вредна Pagani Zonda, па натаму… Меси исто така поседува GranTurismo S и GranTurismo MC Stradale, ама и Ferrari F430 Spider и Range Rover.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Брод за изнајмување 

Семејството Меси знае за време на одморот да изнајми брод а омилени дестинации им се Ибица и Форментера. Станува збор за раскошен брод Seven C чија должина е скоро 92 метри. Изнајмувањето чини повеќе од 45 илјади евра неделно: опремен со луксузни ентериери, бродот може да прими 10 гости во четири соби, вклучително и мастер апартман, ВИП кабина и две двокреветни кабини.

Антонела – жена за сè

Антонела Рокуцо е партнерка на Меси. Таа била постојано со него во овие денови на големи промени. Имаат три сина: Тиаго, Матео и Чиро, родени во 2012, 2015 и 2018 година. Меси има италијанско потекло од неговите баба и дедо по татко. Анџело Меси е роден во 1866 година во Реканати и живеел со сопругата Марија Латини во Монтефано, во провинцијата Мачерата, пред да замине за Аргентина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


Хорхе Хорацио Меси е татко на аргентинскиот шампион. Меси сениор е оној што советува,  размислува и премислува, преговара…Ги следи имотите на својот син, му дава живот на „брендот Меси“ и многумина во Шпанија мислат дека токму тој го советувал Лионел за трансферот во ПСЖ.
Лионел Меси бил многу близок и најмногу ја сакал својата баба по мајка, Селија, која починала во 1998 година. И во секоја можна прилика ја спомнува.

10 -те сладоледи

На деветгодишна возраст, еден тренер му понудил облог: сладолед за секои 100 дриблинзи. Меси успеал за кусо време да заработи 10 сладоледи, односно направил 1.000 дриблизни!

Инаку, тој е голем фан на кумбиа, популарна музика од Јужна Америка. Негов омилен бенд? Групата „Ла Банда дел Тигре Ариел“ која дури и му посвети песна. А еден од неговите омилени пејачи е Италијанецот, Ерос Рамацоти.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....