11.8 C
Скопје
22:45 - 7 октомври, 2026

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ стекнаа голема популарност во регионот со нивните професионални достигнувања, а својата приватност ја чуваат далеку од очите на јавноста.

Ќетковиќ и неговата десет години помлада сопруга се запознале во 2002 година на снимањето на филмот „Зона Замфирова“.

„Се сеќавам на првиот момент кога ја здогледав, го снимавме филмот ‘Зона Замфирова’, а таа беше студентка. Никогаш претходно не сум гледал студентки на тој начин, особено затоа што повеќето од нив беа девојчиња. Поминаа неколку дена од снимањето, тогаш ме повика снимателот да дојдам да погледнам нешто. Ја видов како некој кој веројатно ќе снима, не ја набљудував како убава или на некој друг начин. Тогаш ја забележав првпат. Не можам да кажам дека таа првпат беше воодушевена кога ме виде, но подоцна омекна“, рече Војин еднаш.

Ќетковиќ е од својата сопруга постар за 10 години, а како што велат, таа разлика само им помогнала нивната врска да биде уште посилна.

Она што е особено интересно е дека Слобода и Војин трипати се нашле пред олтарот. Првпат го изговориле судбоносното „да“ во серија пред вистинскиот брак, вторпат тоа го направиле во приватниот живот, а третпат повторно за потребите на снимањето на серија.

Нивната вистинска венчавка да се одржала далеку од очите на јавноста, но Слобода еднаш сподели фотографија од венчавката на социјалните мрежи. Тогаш имала шишки, носела класична и елегантна венчаница со голем вел, додека Војин за оваа пригода одбрал свечено одело.

„Имам среќа што Војин е постар десет години и во однос на мене е многу поспокоен и постабилен. Тој е оној кој често ја смирува ситуацијата. Живееш со цимерка па ќе се скарате, камоли со сопруг во брак. Нашиот брак е стабилен, благо е напнат и возбудлив, а јас тоа го сакам. Да беше поинаку, ќе ми беше здодевно“, признала Слобода.

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо
Се вчитува....