26.8 C
Скопје
14:26 - 8 мај, 2024

ПЕТАР ГРАШО СО НАСТАП ВО СТРУМИЦА: Дали пејачот ќе дојде со новата девојка?

Познатиот хрватски пејач и текстописец Петар Грашо ќе настапи пред македонската публика на 3 декември во Струмица. Настапот ќе биде комбинација на добра музика и храна во еден познат ресторан, а обожавателите на Грашо ќе можат да уживаат во неговата музика во малку поинтимна атмосфера .

Придружено со комплетно мени за храна, предјадење, главно јадење, десерт и пијалаци цената за ова уживање се движи од 2500 до 3000 денари, а за ВИП гостите и најголемите фанови посебни места и секако цена од 3500 денари по лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)


Грашо и неговата поранешна долгогодишна партнерка, пејачката Данијела Мартиновиќ сè уште ги полнат страниците на магазините и порталите по официјалното објавување дека по 24 годишна врска повеќе не се заедно.


На почетокот на мај, одекна веста за раскинувањето на 24-годишната врска помеѓу хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ (50) и Петар Грашо (45), што тогаш ги шокираше бројните пријатели, семејството и колегите.

Вистина е дека Данијела и Петар живееја на одделни адреси во последните месеци, како поради деловни проекти, така и поради одредени лични причини,  изјавила тогаш менаџерката на Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)


Потоа одекна веста дека Грашо има нова љубов, а тоа е ќерката на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од Грашо, а на социјалните мрежи се појавија и многу фотографии од новиот пар.

(ФОТО) КОЈ ГО „ВРТИ“ ПЕТАР ГРАШО: Данијела Мартиновиќ успеа да го пронајде мирот во себе па се обрати до фановите

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)


Хана го придружува пејачот на повеќето настапи. Често се дружат и во слободно време, а фановите ги виделе и во некогашниот ресторан на таткото на Грашо, како уживаат во заеднички ручек.



Петар Грашо и сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ беа еден од најубавите хрватски парови. И додека тој сега ужива во новата љубовна врска со младата Хана Хуљиќ, Данијела Мартиновиќ реши да раскине со минатото и да проговори во јавноста.

Откако Петар Грашо официјално се појави со новата девојка во јавност, на неговиот профил нема ниту една фотографија со Данијела, освен една од 2017та година, каде позираат со Северина.

Пејачката Данијела Мартиновиќ за првпат јавно го коментираше прекинот на врската со колегата Петро Грашо, по долги 24 години љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Сплитската пејачка за хрватскиот магазин „Глорија“ изјави дека раскинувањето „било неизбежно“

– Не можеш да избегнеш момент кој е неизбежен, изјавила пејачката за прекинот на врската со Петро Грашо, за која надополнила дека е „убаво минато“.

ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ ЗА ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА РАСКИНУВАЊЕТО СО ПЕТАР ГРАШО: Не можеш да избегнеш момент кој е неизбежен!

 

Слични објави

Тони Бијелиќ веднаш се огласи по веста дека ја моли Драгана да се смират

Еспресо

(Видео) Гледачите на Евровизија шокирани! Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале од годинашното издание

Еспресо

Пукање пред вилата на раперот Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

еспресо

Астропрогноза за среда, 8 мај: Вагите да избегнуваат конфликти, Стрелците да внимаваат на долгови

еспресо

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо
Се вчитува....