23.8 C
Скопје
16:01 - 19 октомври, 2026

Пет години без „најголемиот џентлмен во рокенролот“: Влада Дивљан повеќе не е овде, но и понатаму е со нас!

Еден од најзначајните музички автори и пејачи од Балканот, Влада Дивљан, нѐ напушти на денешен ден пред пет години во 2015 година.

Влада Дивљан, пет години подоцна, и натаму е со нас преку безвременската музика која ја создаваше, преку нашите сеќавања на неговиот добар дух и начин на кој се однесуваше со пријателите, но и со сите луѓе кои ги познаваше, со што заслужено го носеше епитетот за „најголемиот џентлмен во рокенролот“, како што го нарече неговиот пријател и соработник Макс Јуриќиќ.

Минатата година 4.000 распеани луѓе во публиката и голем број на познати музичари учествуваа во белградскиот Сава центар на концерт посветен токму на единствениот Влада, клучната авторска личност на култните „Идоли“, под наслов – „Хајде сањај ме, сањај“, кој е одржан на неговиот 60 роденден на 10 мај, 2018 година.

Интересно е и тоа што документарецот за Влада Дивљан, кој е дело на Младен Матичевиќ, а го носи насловот „Небеска Тема“, покрај тоа што минатата година имаше распродадени премиери во Сава центарот и салата Лисински во Загреб, пред неколку дена доживеа и своја премиера во Њујорк.

Сето ова зборува и повеќе од доволно за значењето на ликот и делото на Влада Двиљан и тоа не само на балканско, туку и на светско ниво.

Барем неколкупати секој месец на некое место од просториите на поранешна Југославија се одржуваат различни настани посветени токму на овој пејач.

Покрај тоа што остави голем белег со „Идоли“, Двиљан имаше и импресивна соло кариера, а со својот карактеристичен глас испеа песни кои и денеска секојдневно ги слушаат илјадници луѓе на Балканот и пошироко.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....