17.8 C
Скопје
21:39 - 1 мај, 2024

НА ДВА УМА: Дали треба да ја чекам љубовта или да ѝ дозволам на Фата да ми ја најде?

тарот карти

„Маријо, прашуваше еден комшија за тебе. Богат е, сака некоја млада деца да му раѓа“.

На сметка на мојата младост сум суштински отворена со луѓето кои ќе ги означам како „удобни“. Такви „удобни“ ги означив моите драги колешки во редакција. Станува збор за грст жени – апсолутно несекојдневни, безмилосно духовити и сè на сè, опасно шармантни. Низ сиот тој шарм, јас упорно се наоѓам заведена од драматизирањето на моите јадови кои сега, на сметка на суетата, се врзани за мојот љубовен живот.

Една од жените е мојата уредничка Фата Моргана, антитеза на мојата енергија, лексилиум на мојата анксиозност, шаренило низ мојата бесконечна апатија. Едно што ми ги уредува текстовите, контактите и кариерата, па решила да ми го уредува и животот, конкретно љубовниот живот.

А, јас сега заглавена во бесконечните лавиринти на тарот насекаде го барам и создавам оноземското, па земското упорно ме промашува.

Првиот запрепастувачки настан беше денот кога ја сретнав Фата и ѝ зборував за моите новосоздадени, плитки и нарцисоидни духовни вредности, а таа ме пречека со изоден пат и сугестии како да продолжам на мојот. Па, дури наредниот ден ми донесе шпил на ангелски карти.

Не знам дали знаете, но картите мора да те најдат тебе (зборувам за пророчките). Во никој случај не смееш сам да посегнеш и купиш, а јас толку долго копнеев да стигнат некои пророчки карти до мене, исплашена да побарам од суеверието што демне над мене за потенцијалниот малер и провокација на спиритуалните гиганти кои скоро почнав да ги канализирам.

тарот карти ангелски карти
ФОТО: Еспресо
И Фата, како од оноземското пратена(знаете на што мислам), неповикана, еден ден, ми ги донесе картите. И низ тој чин јас ја препознав.

По картите (од чиј шпил патем, влечам една иста карта неколку пати), со неколку умешни сугестии ме воведе во огнената крштевка и по неа со фокусот насочен врз мојата многу очигледна самотија (според колешките), сите тие „удобни“ жени во едногласие решиле дека јас треба да фатам дечко и дека маж ќе биде решение на моето непостојано расположение кое постојано се движи по радикали.

Во љубовниот поход, прво со поскромни сугестии Фата (како ангел-сигурна сум) ме насочуваше кон луѓе слични на мене, за што, објективно не ја сфатив никогаш сериозно (со главата во облаци), за денес да дојде на работа со предлог. „Маријо, прашуваше еден комшија за тебе. Богат е, сака некоја млада деца да му раѓа“ и со оваа сугестија, „удобните жени“ громогласно се шегуваа на моите потенцијални љубовни остварувања. Низ смеата, патем, Фата ми го „продава“ 40-годишниот човек, сите негови имоти како да сум катастар, успесите на неговата кариера и длабокиот џеб, и додава дека бил исклучително убав и добар, упорно премислувајќи се дека е стар за мене.

Ме остави замислена ситуацијата.

Не за потенцијалниот партнер (бидејќи никогаш и не беше), патријархално воспитан дека има право на мојата младост и гени, туку од каде сè доаѓаат сугестиите на ангелите (сега така сум поткована, додека нешто ново не ме заведе) и колку пати треба да ги одбијам за на крај да стигне тоа што треба да стигне. Па упорно, само се доубедувам дека Фата го држи клучот на иднината, а колку пати јас ќе бидам одвратена од вратата, допрва ќе дознаам.

Марија Гегоска

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....