14.8 C
Скопје
11:50 - 20 октомври, 2026

(ФОТО) СВАДБЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ НА ТАМАРА И ДАРКО: Магичен бохо – декор и интимна прослава со најблиските

Поранешната манекенка и модел Тамара Чуприна и фудбалскиот репрезентативец Дарко Велковски запловија во брачните води, а по долгото одложување на свадбената прослава, парот ги искористи празничните денови да наздрават со своите сакани во еден познат скопски ресторан.


Дарко и Чуприна се повеќе од пет години заедно, но и двајцата приватниот живот го чуваат далеку од очите на јавноста.


Богатата декорација по повод свадбената прослава беше засенета од убавината на Тамара, која е позната и како сестра на Драгана Чуприна, поранешната водителка на емисијата „Бекстејџ“.


Облечена во елегантен бел фустан, нежен накит и едноставна фризура, Тамара блескаше позирајќи со својот партнер.

Дарко и Тамара ги споделија фотографиите од интимната прослава со своите следбеници на социјалните мрежи каде се нижеа бројни честитки како од познати јавни личности, така и од блиски пријатели и роднини на парот.


Тамара под објавата на својот инстаграм – профил напиша:

„Од овој ден ти си сè што ми е светот!“

Фудбалскиот репрезентативец кој игра за прволигашкиот клуб Риека, на 26 декември ја побара раката на својата сакана која е во поодмината бременост. Парот го очекува своето прво дете.

Слични објави

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.
Се вчитува....