20.5 C
Скопје
07:00 - 20 јуни, 2026

(ФОТО) АНТОНИА ЈА ОБОИ КОСАТА ВИОЛЕТОВА, ПА СЛЕДЕА НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ: Искрено, на човек веќе не личиш!

Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат скоро 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Фото: Принтскрин / Instagram

Овој пат пејачката направи храбра промена во изборот на боја за коса. Долгата коса на Антониа заблеска во виолетова боја, која одлично и прилега. По промената следеа и многу комплименти за новиот изглед на пејачката која постојано објавува фотографии по промената на својот инстаграм – профил.

Фото: Принтскрин / Instagram

По секоја објавена фотографија на Антониа следи лавина од комплименти и поддршка за младата пејачка од бројните фанови кои уживаат во нејзината музикa, но овој пат по оваа промена пејачката наиде и на негативни коментари.

Како ви се допаѓааааамм? Јас се заљубив во оваа Антониа, стои во описот на објавата на пејачката кога за прв пат ја покажа промената на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


„Ме исплаши“, „Искрено, на човек веќе не личиш. Од таква убава и природна девојка останаа само сеќавања. Жалосно“, „Малку повеќе грозно“, се малиот број на негативни коментари кои следбениците на пејачката ги оставија под фотографијата каде Антониа за прв пат позира со новата боја на коса, но позитивните коментари ги засенија бидејќи беа во поголем број.

Како ви се допаѓа новата боја на коса на Антониа?

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....