15:33 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Поинтензивни врнежи и снег, еве кога и каде ќе има!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Во југоисточните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и релативно суво време, додека од петок па за време на викендот, под влијание на влажен воздушен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кој особено во западните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе има врнежи од снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека за време на викендто и тоа поради јужното воздушно струење, истите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....