06:11 - 14 ноември, 2026

НА КОЛКУ ВРЕМЕ ЈА МЕНУВАТЕ ПОСТЕЛНИНАТА? Во време на пандемија важат други правила

Претходни истражувања покажале дека повеќето луѓе предолго спијат на иста постелнина, а тоа сега, во време на пандемија на коронавирус, би можело да биде уште поопасно. Стручњаците предупредуваат дека постелнината треба да се пере најмалку еднаш неделно, пишува „The Sun“).

Освен микроскопските штетници, грини, кои се размножуваат на валкана постелина и можат да предизвикаат здравствени проблеми, креветот може да биде плодно тло за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е да ја менувате постелината почесто од еднаш неделно и да ја перете на висока температура.


Загрижува податокот дека испитаниците во новата студија спијат на иста постелнина во просек 12 дена. Пижамите и јастучниците би требало да се исперат исто така еднаш неделно – јастучниците дури и почесто ако имате навика да спиете на стомак.

Многумина забораваат дека е потребно да се перат и перниците и прекривките барем еднаш во три месеци. Душекот треба длабински да се исчисти еднаш годишно.


Дури 64% од луѓето потенцијално внесуваат нечистотија во креветот ако не се истушираат пред да си легнат, додека 12% од испитаните признале дека не се тушираат секој ден. Мажите во тој случај се поголеми престапници од жените.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....