14.8 C
Скопје
09:54 - 29 септември, 2026

Ева Јовановска откри дали се скарале со Миро и зошто престанала да биде дел од „Голден карпет“

Инфлуенсерката Ева Јовановска, позната како поранешна ководителка на Миро Кацаров во емисијата „Голден карпет“, во неодманешно гостување во поткаст проговори за многу прашања за коишто во јавноста се шпекулира подолго време.

Така на пример, многумина се прашуваат зошто се разделија таа и Александар Динев, а едно од неодговорените прашања е и тоа дали нивната врска беше фарса или маркетинг- трик. Често за нив се зборуваше дека се заедно само за популарност на Тикток и дека не е вистина дека се во љубовна врска, но Јовановска конечно ја расчисти дилемата.

„Не е точно дека ние сме биле лажен љубовен пар само заради маркетинг. Тоа беше вистинска врска со многу љубов“, рече Евче со силна емоција во гласот.

Таа додаде дека е заљубена сè уште, но не прецизираше во кого.

„Нема да сокријам, уште сум заљубена, и најверојтано ќе треба време љубовта да исчезне или премине во друга форма, мислам на друга личност. Тоа за мене беше најубавата врска што сум  ја имала досега“, вели таа.

Јовановска откако излезе од популарното ток-шоу „Голден карпет“ во јавноста се шпекулираше дека се скарале со Миро.

„Не е точно дека не сме во добри односи со колегата. Повеќе фактори влијаеја за јас да излезам од тој проект. Таа емисија повеќе и не постои, а го гледам колегата на друг канал со друг проект, баш се радувам што е успешен“, одговори таа.

Евче откри дека е насочена кон тоа да создаде своја емисија каде што ќе биде водителка. Неофицијално се преговара тоа да започне наскоро.

Слични објави

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо
Се вчитува....