16.8 C
Скопје
07:08 - 9 септември, 2026

Кој е поранешниот партнер на Тамара Калиниќ пред бракот со Филип: Три и пол години ја криеше врската, а по раскинувањето го напушти Лондон

Една од најпознатите модни инфлуенсерки од регионот, Тамара Калиниќ, пред неколку дена стапи во брак со долгогодишниот партнер, модниот претприемач Филип Теста. Двајцата се венчаа на интимна церемонија покрај езерото Комо во Италија, во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите.

За свадбената прослава Тамара избра неколку различни венчаници, а младенците не ја криеја среќата. Во своите говори открија дека уште од самиот почеток знаеле дека се создадени еден за друг.

Пред да стапи во брак, Тамара и Филип беа во врска шест години. Иако со години нејзиниот љубовен живот беше предмет на бројни шпекулации, инфлуенсерката никогаш не сакаше јавно да ги открива своите партнери.

Единствениот поранешен партнер за кој јавно проговори е британски претприемач, чие име никогаш не го откри, ниту, пак, го покажа неговото лице на социјалните мрежи.

Тие биле заедно три и пол години, а во еден период Тамара се преселила од Лондон во Брајтон за да живеат заедно во луксузен дом.

Нивната врска завршила на почетокот на 2018 година. Подоцна, на својот канал на Јутјуб, Тамара откри дека и покрај раскинувањето останале во добри односи, но нивните животни планови и цели тргнале во различни насоки.

Разделбата тешко ја поднела, по што решила да го напушти Лондон. Најпрво се преселила во Париз, а потоа во Милано, каде што го запознала Филип Теста, со кого подоцна ја започна својата љубовна приказна што неодамна беше крунисана со брак.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....