18:08 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Арктичкиот бран ќе ни донесе многу снег и дожд, многу набрзо, еве од кога!

– Како што претходно кажавме, од утре попладне и навечер доаѓаат нови врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски,  под влијание на МНОГУ ПОСТУДЕНА воздушна маса која се спушта од Арктикот, во четврток и петок времето ќе биде облачно и МНОГУ СТУДЕНО со врнежи од дожд кој ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во четврток, и тоа особено во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 50 л/м2 воден талог. Ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.

– На планините врнежите ќе бидат од СНЕГ и се очекува да се формира првата ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка за оваа сезона. На некои од планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, особено на оние високите. Снег ќе врне и на повисоките места со надморска височина од околу 1000 метри и тоа особено во западните и северните предели, а локално снежната граница има услови да се спушти дури и под 1000 метри со што првото провејување на снег се очекува и во повисоките населени места и тоа во четврток, смета попоски.

Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината, односно истите ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10 степени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 9 степени, и тоа особено од четврток. Престанок на врнежите и повисоки температури ќе има за време на викендот кој доаѓа.

– И во Скопскиот регион од утрешната вечер ќе започнат врнежи од дожд и истите ќе продолжат и во четврток и петок. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Поради ЗАЛАДУВАЊЕТО на околните планини ќе има врнежи од снег, додека снежната граница и во Скоспкиот регион локално може да се спушти и под 1000 метри. Температурите, особено од четврток ќе се искачуваат не повеќе од 7 степени, поентира Попоски.

Уште да напоменеме дека со овој МНОГУ СТУДЕН бран, есента во Македонија е МНОГУ ПОСТУДЕНА од вообичаеното, и исто така не сме навикнати на вакви ниски температури во есен.

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: И поркај овој студен бран, понатаму НЕМА ОПАСНОСТ од минусни температури, не бар на пониските населени места, што значи дека температури под нулата се очекуваат само на високите и планинските места.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....