16.8 C
Скопје
18:45 - 28 март, 2024

ОХРИЃАНКА ОД АЛЈАСКА: Наша медицинска сестра во единствената болница со критичен пристап над арктичкиот круг

Ангела Маслов е Македонка родена во Бароу, Алјаска, најголемата држава во САД, во која доминираат најмногу планините на кои има активни вулкани и бројни ледници, а тука се наоѓа и највисокиот врв во Северна Америка, Макинли, висок 6.149 метри. Ангела е мајка на четиригодишната Миа, и сопруга на Дејан Маслов кој е од Охрид. По професија е медицинска сестра вработена во брза помош во единствената болница со критичен пристап на 550 км над арктичкиот круг. Хоби ѝ е готвењето, организирање патувања и фотографијата. Но, како што вели, во последниов период е толку многу ангажирана што нема време за хоби.

Кои се твоите најубави и најлоши сеќавања од детството и животот во Македонија?

– Родена сум во Бароу, Алјаска, а кога сум имала 2 години моето семејство се преселило назад во родниот крај на моите родители, во Волино, охридско. Кога ќе помислам на моето детство во Македонија, искрено, не можам да се сетам на никакви лоши спомени. Имав многу убаво детство исполнето со играње надвор по цел ден без разлика дали беше зима или лето. Пораснав покрај баби, дедовци, роднини и секој ден беше исполнет со разни активности. Дел од секојдневието беше да помагам околу бавчите и плевните на моите баби и дедовци. Детството во Македонија ми беше полно со свеж воздух и розови образи од трчање надвор по цел ден. Неограничен простор и воздух, она што ние сите го сонуваме за нашите деца. Секогаш се чувствував сигурна, во селото сите се знаевме и немаше причина од нешто да се плашам. Кога денес се сеќавам на тие времиња, знам дека се тоа нешта кои дега премногу ги ценам. Тогаш, како дете, секако не бев свесна за тоа.

На моја 11-годишна возраст моето семејство се вратило на Алјаска каде што учев од петто оделение и понатаму. Како вчера да беше, се сеќавам кога почнав да учам во ново училиште. Најтешкото беше оставањето на мојот живот во Македонија, на моите школски другарчиња и роднини со кои си играв по цел ден. Животот на Алјаска беше многу поинаков од оној во Македонија. Дотогаш не ми паднало на ум дека постои и друг начин на живеење. Иако тие промени ми беа тешки како на дете, сепак таа промена ја ценам многу и верувам дека тие тешкотии ме изградија во личност каква што сум денес. Сите ние треба да ја прифатиме различноста. Ниедно лице или место не се исти, а преселувањето на ново место значи учење на нов начин на правење на работите.

Зошто селидбата беше баш на Алјаска? 

– Мојата фамилија уште од осумдесеттите години е во Алјаска. Мојот тaтко дошол во Америка на свои 16 години. Првите неколку години живеел и работел во Њу Џерси за подоцна, во потрага по подобар живот, патот да го доведе во Енкориџ, Алјаска. После неколку години поминати во овој град се запознал со луѓе од нашите краишта кои веќе живееле и работеле во Бароу, му рекле дека во овој град има многу можности за добра заработка. Тој, млад и амбициозен, и со желба да заработи повеќе, одлучил да замине во овој град знаејќи дека истиот е и најсеверното населено место на Соединетите Американски држави. На одмор се враќал дома во Македонија, каде што ја запознал мајка ми. После некое време и таа се преселила на Алјаска и тука основале семејство.

Од топлиот Охрид и плажа, на минус 30 степени и снег. Тешко ли беше прилагодувањето?

– Искрено, прилагодувањето мене не ми е тешко. Од мала сум патувала и сум поминала повеќе години од мојот живот на разни места. Воопшто не ми е тешко да се адаптирам на промени и различни услови.

Ја оствари ли целта поради која замина? Имаш ли планови за друго место на живеење или Алјаска е сега твој дом?

– Немав некоја посебна цел поради која се преселивме од Македонија на Алјаска. Завршив факултет за медицинска сестра во САД и сакав тоа знаење да го употребам и да го вложам враќајки на народот каде што живеев голем дел од мојот живот. Обожaвам да шетам, но немам интерес за живеење на друго место освен во Македонија и на Алјаска.

Како балансираш помеѓу работата и квалитетното време што секој родител треба да го има со децата? 

– Со добра организација и со многу помош од сопругот постигнуваме некоја рамнотежа. Додека јас сум на работа, сопругот се грижи за нашата ќерка и околу нашиот дом. Мојот работен ден трае 12.5 часа. Последнава година и половина работам напорно со многу денови во неделата поминати на работа. Годинава нашата ќерка почна да оди на училиште, па сопругот ја носи, ја зема од училиште, и помага околу нејзиниот развој. Кога имам слободно време гледам тоа внимателно да го испланирам со цел заедничкото време да го поминуваме квалитетно.

Поради која причина би се вратила во Македонија, а поради која никогаш не би го направила тоа?  

– Многу години од мојот живот поминав и во Македонија и на Алјаска. Додека студирав живеев и во Индијана, САД. Мислам дека секое место си има своја убавина. Според мене, од местата каде досега сум живеела, државата Алјаска најмногу вложува во своите жители. Уникатната убавина на државата и изобилството на диви животни ги прават долгите и студени зими посебни и подносливи. Македонија е преубава и има потенцијал да биде најдоброто место за живеење. За тоа да биде така државата треба подобро да се организира. Ја сакам Македонија и таа секогаш ќе ми биде дома. Но, подеднакво ја сакам и Алјаска.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА 

Слични објави

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо
Се вчитува....