15:06 - 10 август, 2026

Со овој руски трик вашите цвеќиња ќе станат раскошни

Идејата да купите скапи препарати од градинарските центри за да ја разубавите вашата цветна градина можете да ја оставите на страна. Сега ќе ви откриеме еден стар лек за вашите цвеќиња да добијат живот. Се работи за еден трик кој доаѓа од Русија, а сите го имате во кујната. Овој таен „еликсир“ од вашата кујна ќе направи вашите гераниуми и петунии да цветаат побогато од кога било– тајната лежи во моќта на квасецот!

Секоја жена што одгледува цвеќе го знае тој предизвик: вложувате труд, купувате земја и ги наводнувате растенијата, а сепак тие како да стагнираат. Доколу се прашувавте зошто кај соседите цвеќињата изгледаат како од каталог, голема е веројатноста да го употребиле овој трик.
Не се работи за некоја тајна бидејќи и професионалните градинари го користат со децении.

Квасецот не служи само за стасување на тестото; тој е вистински извор на енергија за растенијата. Кога се раствора во вода, квасецот ослободува витамини од Б-групата, фитoхормони и ауксини – супстанции што се клучни за развојот на кореновиот систем. Штом коренот ќе зајакне, растението добива „зелено светло“ да ја насочи сета своја енергија кон растење нови стебла и – што е најважно – големи и миризливи цветови.

Еве го рецептот со кој вашите гераниуми, петунии и бегонии ќе се претворат во најпрекрасната декорација на балконот:

Растворете 10 грама свеж квасец во 1 литар млака вода (никогаш жешка!) и додадете една полна лажичка шеќер. Шеќерот овде е клучен, бидејќи делува како „храна“ за активирање на квасецот.

Ферментација: Оставете ја смесата да отстои на топло место околу 2 до 3 часа. Штом на површината се појави фина пена, вашиот „еликсир“ е подготвен.

Разредување: Пред употреба, разредете го овој концентрат со уште 5 литри обична вода.

Наводнување: Наводнувајте ги растенијата со оваа смеса еднаш на секои 15 дена.

Веќе по првото наводнување ќе забележите дека листовите стануваат темнозелени и сјајни – знак дека растението ги апсорбирало хранливите материи. Вистинската магија започнува по две недели: пупките ќе се отвораат поенергично од кога било, а цветовите ќе бидат поголеми и ќе траат подолго.

Имајте на ум дека квасецот не треба да се користи почесто од еднаш на две недели. На растенијата им е потребно време за да ја „преработат“ оваа енергија. Исто така, овој трик се применува исклучиво во текот на пролетта и летото, кога растението е во фаза на буен раст.

Слични објави

(Видео) Дарко Димитров на преубав начин ѝ го честиташе роденденот на својата мајка

Еспресо

(Видео) Вељко и Богдана Ражнатовиќ пловат по река – околу нив природа која одзема здив

Еспресо

(Видео) Зуица Лазова блесна на сцената – Охрид ечеше со звуците на „Македонско девојче“

Еспресо

(Фото) Исплива фотографија на Верица Ракочевиќ од 1966 година – српската дизајнерка била една од најубавите девојки во Белград

Еспресо

(Фото+видео) Носталгичен настап — Елена Ристеска ја испеа „Нинанајна“ на концертот по повод 35 години независна Македонија

Еспресо

(Видео) Хаос пред настапот на Јелена Карлеуша во Хрватска, пејачката се огласи: „Никогаш не сум била против хрватскиот народ“

Еспресо
Се вчитува....