11.8 C
Скопје
11:11 - 28 октомври, 2026

„Пејачот Боби веќе не постои“: Македонската музичка ѕвезда стави крај на сите шпекулации

Македонскиот пејач Боби Мојсовски преку објава на Фејсбук порача дека нема намера да ѝ се врати на музичката кариера, реагирајќи на честите коментари и прашања од луѓето кои, како што вели, и по осум години од неговото повлекување од сцената го убедуваат повторно да почне да пее.

Тој напиша дека му пречи што непознати луѓе најпрво му коментираат за неговиот физички изглед, а потоа инсистираат да се врати во музиката.

„Сакам еднаш засекогаш да расчистиме една работа. ТОЈ Боби (пејачот) веќе го нема. Конечната одлука ми е донесена одамна, многу одамна, тој живот го оставив во минатото, скроз го заборавив и немам апсолутно никаква намера некогаш да се вратам“, напиша Мојсовски.

Тој истакна дека денес е сосема поинаква личност и дека не го интересира што мислат другите за неговиот изглед, уверувања или животен пат.

Мојсовски откри дека целосно е посветен на новата професионална кариера и дека денес работи како развивач на видеоигри.

„Сега сум full-time game developer, 1000% фокусиран на мојата фирма, градење игри, 3D моделирање, дигитална уметност и претприемништво“, напиша тој, додавајќи дека со задоволство разговара за развој на видеоигри, програмирање, дизајн, инвестирање во криптовалути и акции, како и за кариерен развој, но не и за неговото музичко минато.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....