19:33 - 9 ноември, 2026

Северина ja објави една од најемотивните песни во кариерата

Музичката ѕвезда Северина на својот Јутјуб-канал го промовираше спотот за новата песна „Нисам крива ја“ („Безосечајна“). Со ова остварување, таа ја отвора вратата кон нејзината најнова и исклучително амбициозна музичка трилогија.

Станува збор за една од нејзините најинтимни поп-рок балади во изминатите неколку години. Песната зборува за емоционалните лузни, за стравот од повторно препуштање на љубовта и за моментите кога човекот повеќе не знае дали се штити себеси или бега од сопствените чувства.

Визуелно уметничко дело

Посебно место во целиот проект има видеоспотот, којшто ја надминува класичната музичка продукција и функционира како самостојно уметничко дело. Режијата ја потпишува Петар Пашиќ, кој создаде визуелно силен свет на границата меѓу филмот и театарот.

Музиката за песната ја напиша Бојан Васиќ, текстот е на Данијел Павловиќ, а аранжманот го направи Иван Попескиќ.

Три песни — три лица на една жена

Оваа песна е само првиот чин од најавениот проект. Во следните неколку денови Северина ќе ги објави и преостанатите две песни од трилогијата — „Позови ме ти“ (Анксиозна) и „Свирајте ми Раѓај синове“ (Савршена).

Преку овие три теми таа претставува три различни внатрешни состојби и три лица на современата емоција обединети во еден музички концепт.

Слични објави

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо
Се вчитува....