20.8 C
Скопје
11:03 - 30 септември, 2026

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Изминаа точно 15 години од сообраќајната несреќа во којашто трагично го изгуби животот познатиот српски пејач Љубиша Стојановиќ – Луис. Човекот којшто го спои џезот со балканскиот фолклор остави длабока трага во музиката, но и во срцата на сите што го познаваа.

Роден е на 25 јуни 1952 година во Лесковац. Неговиот татко Жика бил мајстор за дрво, а мајката Милица била домаќинка со извонреден музички талент. Неговото семејство често се селеше низ Србија, па детството го мина во повеќе градови.

Луис уште од младоста покажа голема хуманост, редовно посетувајќи го Домот за деца без родители во Неготин, каде што носел облека, книги и музички инструменти, поради што подоцна стана и почесен граѓанин на овој град.

Од палав ученик до музичката академија

Неговиот пат до музиката не беше едноставен. Поради сопствени импровизации во училишните претстави и детските палавости, татко му бараше од него да се откаже од уметноста и да заврши гимназија за „сигурна државна работа“.

Сепак, желбата за музика беше поголема. По завршувањето на Средното музичко училиште во Ниш, тој ги продолжи студиите на Факултетот за музичка уметност, а финансиски се издржуваше од свирење по морските одморалишта и патувања.

На 21 година се венчаше со својата прва сопруга Невена, со која го доби синот Миодраг. Овој брак заврши со развод во 1979 година, а животот му нанесе тежок ударот кога неговата поранешна сопруга се самоуби за време на војната во Словенија.

Песната што промени сè и создавањето на препознатливиот имиџ

Клучниот пресврт во неговата кариера се случи во 1980 година, кога ја сними песната „Не куни ме, не ружи ме мајко“, којашто преку ноќ го направи голема ѕвезда.

За да биде поинаков на сцената, во 1981 година донесе одлука целосно да го промени својот изглед. Ја избричи главата во време кога никој не го правеше тоа и започна да носи карактеристични галабии (долги традиционални фустани).

Во брак со втората сопруга Дубравка ги доби децата Марко и Маја, кои исто така денес се занимаваат со музика. По разводот во 1999 година, ја запозна 19 години помладата Силвана, со која ги доби децата Сергије, Андреј и Ела Мита.

Нескршливиот дух останува во песните

Неговиот живот згасна прерано, на 31 јули 2011 година, во сообраќајна несреќа на 59-годишна возраст. Погребан е на гробиштата Збег во Борча.

Зад себе остави богата музичка кариера, бројни хуманитарни дела и незаборавни хитови коишто и денес се пеат со иста емоција.

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо
Се вчитува....