24.8 C
Скопје
13:01 - 29 април, 2024

За разлика од 2016. година кога победи Трамп, овојпат Русите не се мешале на изборите во САД – барем така тврди угледниот Вашингтон пост

Русија не успеа да презеде сериозни хакерски или дезинформациски активности за да се вмеша во претседателските избори на САД во 2020 година, а хакерите на Кремљ воопшто не се обиделе да ги нападнат изборните системи на начин како во 2016 година, истакнува „Вашингтон пост“ во денешната анализа

Се заклучува дека целта на Москва била веќе исполнета, во очите на меѓународната заедница, демократијата во САД е делегитимизирана.  

Русија овојпат не се вмешала во изборите бидејќи Сајбер командата на САД презела превентивни мерки против руските хакери кои би можеле да извршат упад во изборите. Извори за весникот укажуваат дека во низа операции, американската војска ги нападнала нивните системи и тие напади „се извршуваа во случајни интервали за да се нокаутираат Русите”.

Се вршела и саботажа на руските хакерски алатки, како неодамнешното изложување на моќен вирус кодиран од руски воени шпиони што би можел да биде употребен против изборите, „но со неговото обелоденување операторите насекаде можеа да се одбранат од него”.

Покрај техничките мерки, Москва овојпат се воздржала од напади и поради политички причини. Кремљ калкулираше со оглед на отровната политичка клима во САД. Москва не сакаше да ризикува нови санкции по интервенцијата во 2016 година, се вели во анализата.

Се додава дека причината можеби е поради тоа што посакуваната цел од пред четири години е постигната – намалена доверба на меѓународната заедница во американската демократија, па соодветно на тоа, одлуката била да не се прават такви напори и да се ангажираат ресурси

Во анализата се вели дека семето на раздорот и лажните информации за делегитимизација на изборите веќе било посеано со постојаните тврдења на претседателот Доналд Трамп за наводното општо фалсификување на гласачките ливчиња

– Со ова, тој всушност ја врши работата на Кремљ, пишува весникот.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....