17.2 C
Скопје
18:13 - 19 октомври, 2026

Паровите кои го применуваат правилото 2/2/2 засекогаш се како на меден месец – Вечната љубов сепак постои!

Откако постои светот и љубовта, луѓето трагаат по тајната за венчната љубов. Иако многумина мислат дека тоа е „невозможна мисија“, одговорот е сосема спротивен.

Доколку се прашувате како засекогаш да бидете како на меден месец, одговорот е едноставен: излегувајте на состаноци со својата „втора половина“ без децата, пријателите, колегите, роднините…

Кога ќе одвоите време само за вас и вашиот партнер, можете да ги освежите чувствата кои ги имате еден спрема друг, да се потсетите зошто сте заедно и колку љубов има помеѓу вас.

Тоа не само што ќе ви даде прилика да се опуштите, туку и ќе ја зајакне вашата врска.

Правилото 2/2/2 е многу едноставно:

Секоја втора недела излезете некаде навечер – сами.

Секоеј втор месец заминете некаде на викенд – сами.

Секоја втора година прошетајте некаде на континентот или надвор од него – сами.

Доколку и понатака се сомневате, само размислете: тоа што вие и вашата втора половина заедно сте заедно некое време, не значи дека треба да престанете да излегувате со друштво, со пријателите, семејството и сл. Не треба да престанете и сами да излегувате, ниту да си забранувате меѓусебно.

Кога сте се забавувале, се ви било ново и интересно, а сигурно и помалку стресно отколку сега особено ако имате деца и во целост сте им посветени.

Излегувањето и шетањето сами ќе ви помогне да го вратите тоа свежо, возбудливо чувство.

Дури и кога во вашиот брак „не цветаат рози“, треба да ставите се на страна и да си посветите внимание еден со друг.

Потсетете се поради што сте се избрале еден со друг, потсетете се на вашиот жар и љубовта, потсетете се и низ што се успешно сте поминале…..љубовта ќе го победи останатото.

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....