17.8 C
Скопје
15:08 - 4 мај, 2024

Секој може да биде газда за 1 евро

Граѓаните што се бизнис настроени, а немаат доволно капитал (5.000 евра), наскоро ќе можат да основаат претпријатие за само 1 евро. За да нема забуна во деловните контакти, овие трговски друштва ќе имаат определена, видно обележана ознака, за секој што ќе соработува со нив, да знае дека се основани со 1 евро.

Предлог-законот за трговски друштва е во собраниска процедура уште од крајот на минатата година, но поради техничката влада и изборите, не дојде на ред за гласање. Очекувањата од оваа можност се и да се намали сивата економија. Направена е и компаративна анализа со хрватското законодавство кај правото на трговските друштва, при што е утврдено дека постои можност за инкорпорирање на оваа владина мерка во Законот за ТД, во одредбите што го регулираат Друштвото со ограничена одговорност.

– Со предлог-законот се воведува нов тип друштво со ограничена одговорност – „Поедноставено друштво со ограничена одговорност – ПДОО“. Друштвото може да има најмногу до тројца основачи физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Со оглед на тоа што станува збор за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување посебен режим за финансиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото – појаснуваат од Министерството за економија.

Процедурата за основање фирма во државава е прилично едноставна, со посета на еден шалтер за регистрирање компанија во Централниот регистар, но и преку 28 електронски интегрирани канцеларии. Странските компании можат да регистрираат компании и по електронски пат. Времето за регистрирање компанија е 4 часа, иако може да потрае до два работни дена. Фирма има право да регистрира единствено регистрационен агент, овластен од Централен регистар. Минимален основачки капитал на друштвото е 5.000 евра или соодветен износ во денарска противвредност или како непаричен влог во еквивалент на истиот износ. Можност постои за уплата на основачкиот капитал во рок од една година како паричен или непаричен влог.

Поголеми глоби за поголемите трговци

Со предлог-законот за ТД, микро и малите трговци ќе добијат помали глоби, но се зголемуваат казните за големите и средни трговци. Воедно, значително се намалува износот на глобата за членови на орган на управување во акционерските друштва. Со бришење на членот 552-б од Законот за ТД, ќе се укине двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, но на сила  остануваат прекршочните одредби за трговскиот субјект и одговорното лице, како и  привремена мерка забрана за вршење дејност.

The post Секој може да биде газда за 1 евро appeared first on Слободен печат.


Секој може да биде газда за 1 евро was first posted on септември 24, 2020 at 1:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....