19:52 - 4 ноември, 2026

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

„Не јадам повеќе од порано, дури јадам и помалку, а килограмите не се намалуваат. Што се случува?“
Ова е прашање што многу жени го поставуваат по 40-тата година. И јас го поставував.

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка, преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

Се сеќавам на периодот кога почнав да забележувам промени што не можев да си ги објаснам. Наутро ќе излезев од дома и сè беше во ред, а попладне имав чувство како да сум два конфекциски броја поголема. Надуеност, тежина, топлотни бранови, промени во расположението…

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

На почетокот бев збунета, потоа фрустрирана. Се хранев како и претходно, понекогаш и помалку, а резултатите изостануваа. Дополнително, постојано ми се јадеше благо и ми беше тешко да се справам со таа желба.

Како да не си го препознавав сопственото тело. Како веќе да не ме слушаше.

Со текот на времето сфатив дека можеби не треба да се обидувам да го натерам телото да функционира како пред десет или петнаесет години, туку да научам што му е потребно денес.

По 40-тата година, особено во периодот на перименопауза и менопауза, хормоналните промени, промените во мускулната маса, сонот и секојдневните навики можат да влијаат врз тежината и начинот на кој се чувствуваме.

Мојот пристап постепено се промени. Наместо агресивни тренинзи, почнав повеќе да уживам во прошетки во природа. Наместо постојана борба со себе, си дадов време за читање, мир и моменти поминати сама со себе. Почнав чекор по чекор да ги менувам навиките и да обрнувам повеќе внимание на потребите на телото.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

По 23 години работа во велнесот, уште посилно верувам во една работа: не постои една формула што одговара за сите, ниту една стратегија што функционира во секоја животна фаза.

Можеби по 40-тата година не ни треба построга диета или понапорен тренинг. Можеби ни треба подобро разбирање на сопственото тело и повеќе грижа за себе.

Не мораме да го враќаме телото во годините кога било поинакво. Треба да научиме како да се грижиме за телото што го имаме денес.

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

„По 50-та веќе немам време за туѓите очекувања“ – личната приказна на велнес-советничката Марина Петровска

Слични објави

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.
Се вчитува....