13:08 - 13 ноември, 2026

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Сузана Јовановиќ, сопругата на покојниот Саша Поповиќ се појави во Сината сала на белградскиот Сава центар, на концертот на пејачот Халид Муслимовиќ, каде што блесна во елегантен костум во нежнорозова боја.

Во разговорот со присутните медиуми, пејачката ексклузивно откри дека во нивниот семеен дом на Бежанијска коса се случуваат големи животни промени, со оглед на тоа што се во тек завршните подготовки за осамостојувањето на децата.

Сузана призна дека во моментов поголем дел од времето го поминува со работниците и мајсторите, за да бидат становите на нејзините деца целосно уредени и подготвени за вселување.

„Сега сум во фаза во која постојано сум со мајсторите, околу преселувањето на моите деца во нивните станови, така што веќе ми е преку глава од мајстори. Едвај чекам да се вселат и да почнат да си ги живеат животите. Да имаат свој покрив над главата, а и јас малку да здивнам. Ќе живеат веднаш спроти мене, само ќе треба да ја поминам улицата. Тие се задоволни, ми велат: ‘Мамо, ќе доаѓаме кај тебе со тенџерче’. Кај мама секогаш има што да се јаде, ручек, вечера.“

Пејачката се осврна и на улогата на баба, истакнувајќи колку многу ѝ значи внуката Марта, која внесе нова радост и енергија во семејството по тешките моменти.

Со насмевка ги прокоментира забелешките за својот изглед и семејната улога:

„Зарем ви личам на баба? Се шегувам. Точно е она што велат – едно Бог ви зема, а друго ви дава. Да не се родеше Марта, навистина не знам како ќе издржев. Таа на сите ни внесе прекрасна енергија, нова младост, буквално продолжение на животот.“

Сузана не можеше да ја скрие тагата зборувајќи за својот покоен сопруг, основачот и долгогодишен директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, нагласувајќи дека празнината што ја оставил е ненадоместлива.

„Саша ми недостига секој ден, во секој момент. Тоа е човек што не може да се замени. И самите знаете кој беше Саша Поповиќ. Знаете кој беше и што претставуваше – вистински магнат. Не знам дали ќе се роди некој што ќе може да го замени Сале во светот на медиумите. Навистина не знам.“

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....