Малиот црн фустан никогаш не излегува од мода, исклучително е приспособлив и може да се комбинира за различни пригоди – може да го носите на работа, на вечерно излегување, на свадби и на различни други прослави.
Голема љубителка на овој фустан е и Нина Бадриќ. Хрватската пејачка неодамна на социјалните мрежи сподели серија фотографии на кои главната улога ја има токму малиот црн фустан.

Таа избра мини модел со кратки ракави и дискретно деколте украсено со чипка, кој на префинет начин ги истакнува нејзините женствени атрибути.
Поточно, станува збор за моделот „Амаја“ на британскиот моден бренд „Наутс енд кисис“, чија основачка е Џема Брамли.

Нина Бадриќ го носи фустанот со црни густи хулахопки, а комбинацијата ја надополни со лакирани чевли со високи потпетици во маслинесто-зелена боја, како и со впечатливи висечки обетки.
Резултатот е елегантно издание со доза сексапил – идеално за вечерно излегување или за некоја друга свечена пригода.

