Пејачката Рада Манојловиќ пред неколку години зачекори во претприемничките води и инвестираше 55.000 евра во нов деловен потфат.
Имено, пејачката, во договор со сестра си Маја, која ја извршува функцијата нејзин менаџер, купила три гаражни места на белградската населба Душановац со намера да ги издава под кирија.
Извор близок до плановите на пејачката своевремено открил како дошле до оваа одлука:
„Рада и Маја решија паметно да ги инвестираат парите од настапите. Сè што заработиле од Нова година до денес го вложиле во гаражни места. На таа идеја дошле на наговор на пријател кој веќе има 20 паркинг-места и одлично заработува од нив.“
Добро упатен извор ги открил и финансиските детали од купувањето:
„Иако цените на паркинг-местата пораснаа, Рада и Маја добиле попуст, па пред неколку дена купиле три гаражни места за 55.000 евра. Сè уште не почнале да ги издаваат, но планираат за едно паркинг-место да бараат 150 евра месечно.“
Иако на почетокот имала сомнежи во врска со овој вид инвестиција, пејачката брзо го променила мислењето кога ја согледала финансиската исплатливост.
„Едвај ја убедиле, бидејќи Рада сметала дека од тоа нема заработка. Меѓутоа, кога слушнала колку нејзиниот пријател заработува месечно на тој начин, се премислила.“
Освен тоа, откриено е дека сестрите Манојловиќ не планирале да застанат на ова купување.
„Колегите на Рада главно купуваат станови, а тоа го планира и таа, но засега гаражите ѝ се приоритет. До летото решила да купи уште пет паркинг-места, исто така на Душановац. Маја ја убедила да не чека и сите пари што ќе ги заработат веднаш да ги вложат во гаражи.“
По повод започнувањето на овој бизнис се огласила и самата Рада, истакнувајќи дека сака мудро да управува со своите финансии.
„Не сакам да навлегувам во детали за бизнисот, но сакам паметно да ги инвестирам парите. Татко ми ме воспитуваше секогаш прво да мислам на другите, па на себе, а сега го критикувам поради тоа. Зошто да им давам на другите повеќе отколку на себе?! Работам со години, а со моите пари се служеа други. Е, па, дојде време сестрите Манојловиќ да инвестираат во иднината“, рекла таа.
Манојловиќ навести и дека планира да купи станбен имот, но надвор од главниот град, осврнувајќи се и на некогашното невнимателно трошење пари.
„Планирам да купам и недвижнина, но не во Белград. Порано не знаев да управувам со парите, бидејќи давав и по 30.000 евра за само еден музички спот. Но, добро, не се жалам. Некогаш тие инвестиции се исплатеа, некогаш не… Не можеш да добиеш ако не ризикуваш, но сега правам сè многу попаметно“, раскажала Рада.
