Игор Којиќ, поранешниот сопруг на Северина и син на познатиот српски пејач Драган Којиќ Кеба, повторно застана пред олтарот. Негова нова сопруга е 27-годишната Николина Шапоња, со која наскоро го очекува и првото заедничко дете.
Двојката ја организираше венчавката далеку од очите на јавноста, а иако се обидоадеталите од свеченоста да ги задржат во тајност, на социјалните мрежи сега се појавија првите фотографии од нивниот посебен ден.

Особено внимание привлече фотографијата на која насмеаните младенци позираат со рацете поставени на трудничкиот стомак на Николина, уште еднаш покажувајќи колку се радуваат на приновата.
Важна улога на венчавката имал и познатиот фудбалски голман Милан Борјан, кој му е кум на Игор.
Игор и Николина долго време ја чуваа својата љубовна приказна подалеку од јавноста. Заедно првпат се појавија неодамна на концертот на неговиот татко Драган Којиќ Кеба во Белград, кога со своето присуство ги потврдија шпекулациите за нивната врска.

За 37-годишниот Игор ова е веќе трет брак. Најпознат е оној со хрватската пејачка Северина, со која се венча во 2015 година, а по нивниот развод љубовната среќа се обиде да ја најде со Софија Дациќ.
И неговата нова сопруга има интересна биографија. Николина Шапоња е родена во Риека, а на јавноста ѝ стана позната во 2019 година, кога ја освои титулата прва придружничка на изборот за Мис на Приморско-горанската жупанија.
