11:01 - 13 ноември, 2026

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко, сподели емотивна приказна за неочекуваната средба со драга личност.
Станува збор за омилениот наставник по географија од основното училиште, кого повторно го видел по точно 40 години. Средбата се случила пред ординација, а Јанкуловски не можел да ја сокрие радоста кога го препознал човекот кој оставил посебна трага во неговото детство.
Јанкуловски, кој работи како медицински техничар и е познат по својата хуманост, позитивна енергија и посветеност на лицата со попреченост, на Фејсбук ја раскажа средбата со наставникот кој, како што вели, бил строг, но правичен и еден од најзаслужните за неговата љубов кон географијата.
„Емотивен понеделник исполнет со преубаво изненадување.
Неделава ми почна со прекрасностија на работа. Се приближувам до ординација и слушам:
– Денис… Дојдов само за да те видам, те гледам стално на телевизија па си реков ај и во живо. Не знам дали ќе ме познаеш.
Го погледнав и во истата секунда викам – Геос!!!!! Се насмевна, а јас се израдував ко мало дете. Конечно после точно 40 години откако завршив основно го видов омилениот ми наставник по географија од ’11 Октомври’. Веднаш го гушнав, ми беше навистина голема радост оваа средба, често се прашував каде ли е, што прави. А често и го спомнувам зошто оставил трага кај мене, а и кај многу други.
– Дојдете внатре, да зборнеме.
– Ама строг, се насмевна.
– Да, строг ама и правичен.
– Инаку те гледам на телевизија и имаш едно големо големо ‘браво за сè’ што правиш.
– Ви благодарам, ми значи, а вие одлично изгледате. Може да се сликаме?
– Аууу, секако.
Си се потсетивме на убави моменти, зборнавме за животот и неговите различни патишта и судбини. Се чувствувам пресреќен што ете на 40- годишнината од полуматурата си видов омилен наставник и знам дека ова ќе ме држи долго, долго време.
Да сте ми жив и здрав Геос, до следната средба гуш и бац“, напиша Јанкуловски.

May be an image of smiling
Денис Јанкуловски е еден од најпрепознатливите хуманитарци и здравствени работници во Македонија. Пошироката јавност го запозна за време на пандемијата со коронавирусот, кога како медицински техничар во Центарот за јавно здравје во Скопје, облечен во заштитен скафандер, со песна, насмевка и позитивна енергија им помагаше на пациентите. Токму тогаш го доби прекарот Космонаутко, по кој и денес е препознатлив.
Покрај професионалната работа, Јанкуловски со години е посветен на хуманитарни активности, особено на поддршката на децата со атипичен развој и нивните семејства. Тој е претседател на здружението „Аутизам ААМК“, а за својата хуманост и општествен ангажман има добиено повеќе признанија, меѓу кои и државната награда „Мето Јовановски“ за придонес во заштитата и унапредувањето на човековите права.
Јанкуловски е и автор на книгата „Авантурите на Космонаутко“, во која ги пренесува своите искуства и човечки приказни од периодот на пандемијата.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....