23.8 C
Скопје
14:41 - 29 март, 2024

ЈО нема одговор за барањата за истрага за ШИК „Јелак“

Јавното обвинителство не се изјаснува пред јавноста дали ќе поведе постапка во врска со продажбата на имотот на поранешен ШИК „Јелак“ во Тетово на контроверзниот бизнисмен Миомир Дака Давидовиќ што ја изврши Владата. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот пратеник Александар Велјановски подолго време бараат од Јавното обвинителство да отвори истрага кај кого завршиле, според нив, ветените четири милиони евра поткуп што Дака му ги ветил на Зоран Милески Кичеец за продажбата на имотот на некогашниот комбинат.

Велјаноски побара ЈО да ги гони премиерот Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку денови по ред бара ЈО да отвори предмет, но од Обвинителството засега нема ниту збор за овие повици.

За време на предизборието беа емитувани нелегално снимени разговори, од кои може да се разбере дека оваа продажба ја договарале осудениот во „Рекет“ Кичеец и Дака, кој наводно дал 300.000 евра и 2.000 квадрати простор за да се заврши постапката, а во тие разговори беа споменати и Заев и Рашковски со кои Кичеец наводно договарал средби.

– Владата за три недели донела одлуки за продажба на ШИК „Јелак“, комбинатот за кој Дака во „бомбите“ пред изборите вели дека дал мито од 300.000 евра. Правдањето дека Дака дошол во времето на ВМРО-ДПМНЕ се само изговор, а фактите говорат дека во време на Заев и СДСМ тие заедно прават криминал и градат урбана мафија. Владата на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019, како и на 7.2.2019 година дала согласност да се понуди остатокот од „Јелак“ на Дака Давидовиќ, кој веќе поседувал дел од комбинатот, искористувајќи празнини во законот. Главната предност на Дака била тоа што знаел дека купува компанија под стечај по багателно ниска цена, за потоа Владата и Општина Тетово, предводена од Теута Арифи, ќе изгласаат пренамена на ДУП, со кој му вцртале маркички за градба на 2.000 стана, бизнис вреден 200 милиони евра. Главното прашање е кој би купил загубар и дали е ова рецептот со кој се продаваат и земјиштата на други загубари, како на пример „Треска“ во Скопје – тврди партискиот портпарол Наум Стоилковски.

На ВМРО-ДПМНЕ му е сомнително тоа што Министерството за транспорт и врски за само 7 дена одлучило позитивно за овој ДУП, во услови кога граѓаните по цел месец не можат да извадат обично уверение од администрацијата.

Пратеникот Велјановски обвини за тежок криминал што ЈО не смее да го премолчи.

– Вкупно 300.000 евра, гратис 2.000 квадрати, плус два милиона евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиона евра за друг. Ова е поткупот за бетонската џунгла што завршил во џебовите на некој од власта. Сѐ што слушнавме дека Кичеец му вети, сега е реализирано. Снимката и текстот од оваа изјава ќе ги поднесеме до ЈО – најави Велјановски.

Премиерот Заев во врска со овој случај неодамна се изјасни дека сопственоста на инвеститорот била остварена за време на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој не гледа ништо спорно во тоа што за тој простор е донесен урбанистички план со станови.

– Почитувањето на неизнасилено градење мора да биде составен дел на урбанизмот, сѐ друго е политиканство. Сопственоста на тоа земјиште е затекната или создадена од инвеститорот за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2014, 2015 година, тука нема промена во некаков вид на сопственост. Урбанистичкиот план е вратен три, четири пати, како што се и другите со сите забелешки од Транспорт и врски и на крајот на февруари годинава е даден на согласност. На крајот, нека се гради во Тетово, нека се шири во периферијата, доста е во центарот на градот – рече Заев и додаде дека задача на Владата е да отвори простор градовите да се развиваат во перифериите.

„Еко герила“ не сака станови, бара истрага

Стопирање на сите постапки за градење кај ШИК „Јелак“ и истрага против Општина Тетово побара невладината организација „Еко герила“.

– Општина Тетово на нетранспарентен начин носи контроверзни одлуки за промена на правецот на градот со нови урбанистички планови, каде што во отсуство на информации се шпекулира за бројка од околу 8.000 жители – рече Аријанит Џафери од „Еко герила“.

Според иницијаторите, недозволиво е во град со премногу инфраструктурни недостатоци да се прават нови згради, односно нема вода за пиење, водовод, канализација, паркиралишта, колективни гаражи, булевари, обиколници. Тие не се согласуваат со изградба на 30 згради на влезот на градот и бараат проценки за еколошките последици.

Од „Еко герила“ велат дека на местото на ШИК „Јелак“ порано имало гробишта.

– Прашуваме кој ќе купи станови што се градат на место каде што имало гробишта и на имот ограбен од вакафот? Обвинителството мора веднаш да почне истраги против Општина Тетово и другите лица вклучени во ова скандалозно пазарење со многу сомнежи. Културата на неказнивост мора да заврши засекогаш – рече Џафери.

The post ЈО нема одговор за барањата за истрага за ШИК „Јелак“ appeared first on Слободен печат.


ЈО нема одговор за барањата за истрага за ШИК „Јелак“ was first posted on септември 15, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....