20:53 - 7 ноември, 2026

Шарлиз Терон прозборе за страотната ноќ кога мајка ѝ го убила татко ѝ: Татко ми беше толку пијан што едвај одеше и влезе дома со пиштол

Оскаровката Шарлиз Терон (44) имала само 15 години кога ѝ се случило најужасното нешто во животот – нејзината мајка Герда во самоодбрана го убила татко ѝ Чарлс.

Нејзиниот татко бил алкохоличар, а една страотна ноќ во 1991 година упаднал вооружен во собата во која биле глумицата и нејзината мајка.

„Татко ми беше толку пијан што едвај одеше и влезе дома со пиштол. Мајка ми и јас се потпревме на вратата на спалната соба за да го спречиме да влезе. А потоа тој трипати пукаше низ вратата. Ниту еден куршум, за среќа, не нè погоди, што беше чудо. Го уби во самоодбрана за да нè спаси“, раскажа Шарлиз.

Глумицата објасни зошто против нејзината мајка никогаш не било подигнато обвинение и додала дека не се срами да зборува за страшниот настан.

„Не се срамам да зборувам за тоа бидејќи мислам дека што повеќе зборуваме за такви работи, повеќе сфаќаме дека во тоа не сме сами. Мојата приказна е приказна за раснењето со зависник и за она што зависноста му го прави на човекот. Но тоа, за жал, се случува кога проблемите не се решаваат во коренот“, заклучила Терон.

Profimedia

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....