01:22 - 9 ноември, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ јаде палачинки и не дише! Неговата сопруга го снимила и го осудила за тоа што го направил

Катарина и Дарко Лазиќ за неколку месеци ќе го добијат првото заедничко дете, а сопругата на пејачот постојано споделува објави на нејзините приказни на Инстаграм за тоа како ја поднесува бременоста.

Како што сега открила, иако се труди да се храни здраво и да не претерува, нејзиниот сопруг Дарко „не ја поддржува“ во тоа. Имено, тој побарал да му подготват американски палачинки, а тоа што го ставил на нив ја шокирало и Катарина.

– Не дише. Јас само гледам, наскоро влегувам во седмиот месец и целосно го исфрлив шеќерот затоа што не сакам да бидам прасенце – напишала Катарина додека го снимала Дарко.

Таа објаснила и дека Дарко го направил својот намаз, кој се состоел од мелени бисквити, крем, мали чоколади и млеко и го опишала како „калорчина“.

– Џабе јас направив од оризово брашно кога неговиот намаз е „бомба“ – порачала Катарина.

Инаку, неодамна открија како би сакале да ја викаат нивната ќерка, откако го дознаа полот, но Дарко не е сигурен дали така ќе остане до крај.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....