04:33 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЈЕЛЕНА РОЗГА И САША МАТИЌ СЕ ОДЛИЧНО ДУО: Слушнете ја баладата која го воодушеви Балканот

јелена розга саша матиќ

По четиригодишна пауза, српскиот пејач Саша Матиќ ги воодушеви фановите со својот нов албум „Два живота“, на кој има и дует со хрватската пејачка Јелена Розга.

Пред неколку дена Розга објави дека подготвува изненадување за нејзините фанови, а сега конечно е јасно за што станува збор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Песната „Ти и ја“ е нивната прва заедничка соработка за која размислувале со години.

„Со Саша со години преговаравме за дует, а тоа се случи со оваа прекрасна балада“, напиша пејачката во описот на својата објава на „Инстаграм“.

Оваа песна особено ја трогнала

„Кариера долга повеќе од 25 години. А само неколку пати сум заплакала на некоја песна. На оваа не заплакав. Плачев. Посакувам да ја почувствувате истата, моја емоција, за што сум му бескрајно благодарна на Саша што ја сподели со мене“, напиша Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Песната веќе предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

„Добитната комбинација“, „Вредеше да се чека“, „Прекрасен дует, само за заокружување на годината“, „Дама и господин“, „Ова е прекрасно“, беа само дел од коментарите од воодушевените слушатели.

Новиот албум на Саша вклучува тринаесет нови песни и една стара, а меѓу нив е и песната „Небитно“, напишана од легендарната Марина Туцаковиќ непосредно пред нејзината смрт.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....