29.8 C
Скопје
13:28 - 8 септември, 2026

(ФОТО) ВИЕНА ВО ВОЛШЕБНА ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА: Неколку милиони лед светилки, божиќни пазари, панорамско тркало…

Некои градови носат посебна магија за време на празничната сезона. Меѓу први кои се накитени, традиционално, се Виена, Лондон и Њујорк.

Ви носиме дел од моменталната атмосфера во ВИЕНА. 

Ако сакате да ја истражите волшебната страна на Виена, тогаш посетете го градот во зима. Особено е магична атмосферата на Божиќните пазари.

Главните новогодишни светилки низ градот се палат на 12 ноември, а се гаснат на почетокот на јануари 2022.

Низ главни централни улички елегантно светкаат неколку милиони ЛЕД светла, а резултатот е многу убав.

Три области што треба да се прошетаат се пешачкиот центар, булеварот Ринг и Ратауспарк.

Посета пак, на божиќен пазар е празнична задолжителност во Австрија.

Најголемиот виенски божиќен пазар ветува бајковит божиќен свет со 150 тезги на кои се продаваат подароци, украси за дрвја, лампиони, кулинарски задоволства, пијалоци, грицки…

Има и панорамско тркало и светлосни инсталации за уште повеќе да се радуваат децата, како и огромна елка.

Божиќното село пак, се наоѓа во близина на историскиот музеј, располага со повеќе од 70 тезги на кои се продаваат ракотворби и традиционални подароци. Годинава во селото ќе недостига единствена културно-забавна програма поради ограничувањата со ковид мерките.

Во продолжение, уживајте во фотогалеријата на волшебната празнична Виена денес.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wien | Vienna (@viennatouristboard)

фото – инстаграм
фото инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wien | Vienna (@viennatouristboard)

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova
Се вчитува....