12.8 C
Скопје
10:32 - 4 мај, 2024

ЧОКОЛАДНО ЗАДОВОЛСТВО НА ПРАЗНИЧНАТА ТРПЕЗА: Стефанија ни носи рецепт за Чоко портокал браунис

Младата инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни донесе празнична чоколадна магија.

Состојки:

За чоко портокал браунис:

  • 210 гр(1 + 1/2 шолја) индиски ореви, киснети во вода минимум 2 часа
  • 150 гр(1 + 1/2 шолја) ореви, киснети во вода минимум 2 часа
  • 3 лажици путер од јаткасти плодови (јас користев од лешник, но може секаков)
  • 340 гр(1 + 1/2 шолја) урми
  • 40 гр(1/3 шолја) какао во прав
  • 2 лажици кокосово брашно ( не снегулки, туку брашно)
  • сок од еден портокал
  • кора од 2 портокали

Напомена: Може да користите само индиски ореви или само ореви во количина од 360 гр (3 шолји). Може и да го прескокнете чекорот каде што се киснат во вода, но текстурата ќе биде значително поразлична и нема да го добиете тоа кремасто чувство.

Уште една напомена: Кокосовото брашно го додадов зашто смесата ми излезе малку потечна. Може и да немате потреба од тоа, ќе видите при приготвување. Може да замените со друго брашно, како на пример: овесно брашно, мелени бадеми, па дури и кокосови снегулки. Го додаваме за да ја згусне смесата.

Трета напомена: Пробав со кора од еден портокал, но ми се чинеше малку. Јас многу го сакам вкусот на кората од портокал, затоа кора од два портокали ми изгледаше подобро. Но вие може слободно да користите само еден портокал.

За чоколаден прелив:

  • 30 гр (1/4 шолја) какао
  • 54 гр(1/4 шолја) кокосово масло, стопено
  • 2 лажици агаве или друг течен засладувач

или

  • 1 црно чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло

Подготовка:

  1. Се подготвува тава што ќе ни служи како калап. Колачите не се печат, па може да користите  каков било калап. Се поставува хартија за печење за при вадење на колачот да ни сеолесни постапката. Јас користев тава за печење леб, но да бидам искрена – кога би ги правела втор пат би користела поголема тава зашто излегува доста смеса. Идеално би користела коцкаста тава со димензии 20×20.
  2. Индиските ореви и оревите се измиваат од водата во која се киснат и се премиваат со ладна, чиста вода. Се процедуваат и се додаваат во сецко или блендер. Идеално би користеле сецко, кујнски робот или доста силен блендер заштоизлегува доста смеса што е тешка за мелење.
  3. Се додаваат и сите останати состојки и повторно се блендира сè додека се добие соединета, изедначена и доста кремаста смеса. Во зависност од блендерот што го користите можеби смесата ќе има мали грутчиња, но сепак ќе биде вкуснаи кремаста.
  4. Смесата што ќе ја добиете треба да биде доста густа и леплива. Ако не е – додадете уште некоја лажица брашно.
  5. Додадете ја смесата во претходно подготвената тава и со шпатула убаво и рамномерно израмнете ја. Бидејќи смесата е доста густа и леплива, ќе помогне доколку шпатулата ја намачкате со малку масло за полесно да се моделира.
  6. За чоколадниот прелив, само измешајте ги сите состојки во мала чинија и додадете го на браунисот како втор слој. Ако користите чоколадо како прелив, стопете го во мало тенџерче на ниска температура заедно со кокосовото масло и додадете го одозгора. Може да додадете топинзи по желба. Јас додадов парчиња сушен портокал, ама бидете креативни и да додадете нешто по желба.
  7. Оставете да се зацврсти неколку часа во ладилник (идеално преку ноќ) пред да исечете на коцки.
  8. Овие коцки може да стојат во ладилник пет- шест дена или во замрзнувач до двамесеци.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

Ведрана Рудан не живее од книги: „Живеам од сопругот“

jasmina.kantardzieva

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо
Се вчитува....