7.8 C
Скопје
02:04 - 20 октомври, 2026

„Пораснав во двособен стан со мајка ми, баба ми и дедо ми по разводот на моите“: Александар Михајловски со уште една исповед

Пораснал во мал стан по разводот на родителите и вели дека му недостасувал татко му, а ова е една од личните приказни коишто ги раскажа актерот Александар Михајловски, синот на Тони Михајловски.

Михајловски гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров, и во еден дел од интервјуто, водителот го праша: „Сакам да зборуваме за твојата мајка, знаеме дека Тони сега има друга жена, имаш полубрат..“

– Брат, тоа кај мене не постои. Брат! Тоа дете ми е брат. Јас сум пораснат сам и кога го добивме Максим во нашата фамилија, како да ти кажам? Тука ми е истетовирано името негово, на срце.

Фото/ Инстаграм

Мојата мајка е, како и за секое дете, најпрекрасната жена што може да постои на планетата Земја, затоа што многу се има жртвувано за мене во животот. Пораснат сум со неа.

Да, мојот татко бил секогаш тука со мене, бил во сите ситуации од животот, меѓутоа со самото тоа што моите се имаат разведено на две години, јас затоа сум син на мајка.

Пораснат сум со баба ми и со дедо ми со мајка ми во двособен стан, кој подоцна беше и трособен, затоа што кујната ја направивме детска, во дневната се направи кујна, за мајка ми соба и за мене.

Секогаш се гледало да имаме. Не сум дете со златна лажица родено или секирата во мед да ми е падната – рече Александар, а потоа Лазаров го праша дали му недостасувала фигурата на татко му.

– Сум имал моменти, да, каде што на пример, во секојдневието ми недостасувало, а особено кога станав актер сфатив зошто татко ми бил толку отсутен. Затоа што оваа работа знае да биде немилосрдна и знае да си заглавен по 12 часа.

Ми недостасувало, да. Ете, никогаш не сум бил на одмор со моите – рече Александар Михајловски.

Фото/ Инстаграм

 

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....