9.8 C
Скопје
22:08 - 17 октомври, 2026

(Фото) Марјана Станојковска во специјално секси издание, двајца мажи се смешкаат до неа

Нашата позната водителка Марјана Станојковска објави фотографија во секси, но и елегантно издание, а двајца познати мажи се смешкаат до неа.

Фотографиите се од фестивалот „Макфест“, кој почна вчера, а ќе трае и денеска и утре (24 и 25) октомври во Штип, а Марјана е водителка на настанот, заедно со Димитар Атанасовски.

Токму Димитар е со неа на црвениот тепих, како и Јован Јованов кој дошол од Канада каде што долго време живее, а тој е дел од организацијата на овој наш познат фестивал кој годинава слави 40 години.

Нашата убава водителка за првата вечер на фестивалот одбрала бел долг тесен фустан со деколте, кој ги истакнува нејзината става и облини и одлично ѝ стои.

– Песната живее — 40 години „Макфест“. Четири децении љубов кон музиката, кон емоцијата што нè спојува! Од Штип до цела Македонија, сцената каде се родија безвременски хитови и нови музички ѕвезди. Оваа година славиме традиција, талент и магија на песната! – напиша Марјана покрај фотографиите.

Димитар Атанасовски, Марјана Станојковска и Јован Јованов Фото/ Инстаграм

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....