19.8 C
Скопје
15:44 - 26 април, 2024

(ФОТО) МАРКО ЏАМБАЗОСКИ: Некаде помеѓу Крале Марко, Индијана Џонс, Рокенрол и Камерата

марко џамбазоски интервју еспресо

Во општество кое преферира „селебрити-култура“ пред вистински културни вредности е неизводливо да се насочи вниманието кон вистинските и суштински карактеристики и потреби на истото.

Кога зборуваме за генерациите на младите луѓе, често зборуваме за професии поврзани со интернетот и интернет-пазарот, но и покрај многуте човечки реклами, постојат луѓе како Марко Џамбазоски кој несекојдневно ја користи платформата за да го отцепи човекот од екранот, да го прераспореди во „првиот дом“ и да ја пренесе љубовта кон природата и нашата условеност на нејзиното поволно расположение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

1. Кој е Марко?

– Марко е последниот крал што владеел со Македонија, попознат како Крале Марко. Имењак! И јас по татко имам потекло од Прилеп, иако пред 28 години, во една студена снежна и многу магловита зима на минус 20 степени, првпат сум ги отворил очите во Скопје. Денес, сѐ уште сум во овој град, но честопати надвор од него, патувајќи пред сѐ низ оние помалку познати македонски предели кои бликаат со природни убавини. Тие станаа моја опсесија, патувањата пасија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Инаку, професијата ми е поврзана со филмот, дипломирав на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата по филмска и ТВ монтажа, зад себе имам неколку авторски филмови. И глумата ми е исто така љубов на која сум одамна навлечен, па активно се занимавам и со оваа дејност.

Уметноста ме привлече од најмали нозе, а првиот магнет беше музиката. Уште во моите средношколски денови, инспириран од рокенролот почнав да свирам во бендови, кои најчесто траеја кратко и после една-две свирки престануваа да постојат. Сериозен ангажман започна во 2011 кога го формиравме бендот Визија и еве, годинава обележуваме 10 години постоење. Издадовме еден албум, но имавме голем број настапи во неколку земји од регионот, како и на големи рок – фестивали, а пред пандемијата настапивме и подалеку… И дојде короната и се забавија работите…како и во многу други области.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

2. Каде и како го помина твоето детство?

– На истото место каде што сум и сега. Во населбата Ново Лисиче. И детството, тинејџерството и овие сегашни години. Убави спомени ме врзуваат за оваа населба, која дише со паркови и зеленило, иако секому прва асоцијација му е загадениот воздух. Тука ги игравме маалски игри, брканиците, криенките, другарувањето, спортувањето. И тогаш сум уживал во патувањата со моите родители. Ги паметам одморите каде што со нашиот тогашен, денес легендарен, автомобил „трабант“ сме тргнувале на пат, а патувањата биле весели, касетофонот вртеше една иста касета, музика која и ден денес кога ќе ја слушнам ме враќа во тие времиња на безгрижно и бавно патување со чести застанувања за да погледеме некоја убавина на видикот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Неодамна, имав прилика да го посетам напуштениот хотел „Европа“ во Отешево, еден од најубавите во тоа време. Ми се вратија сеќавањата од деството, од одморите кои сме ги поминале тука, каде што за првпат, на мои 4 години, „засвирев“ на вистински тапани, за време на паузата на бендот кој настапуваше таа вечер. Движејќи се низ напуштениот објект, стоејќи на терасата каде што беше случката со тапаните, ме помина едно чудно и непријатно чувство. Вистински жалам што во оваа наша држава не знаеме да си ги сочуваме работите кои вредат.

3. Која ти беше првата љубов, патувањето или бендот?

– Патувањето отсекогаш ми било издувен вентил, но со чести патувања започнав многу подоцна отколку со музиката, која ми е верен пријател уште од мои 12 години. Тогаш, инспириран од мојот татко, кој е поранешен тапанар, сакав да научам да свирам тапани. Затоа што живееме во зграда, беше проблем да се купат тапани, бидејќи ќе ги измачував соседите. Сепак, бев упорен и почнав да учам на тенџериња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Веќе во седмо одделение, со неколку другари направивме „бенд“, со импровизирани инструменти, јас на мојот „сет“ тапани! Тоа беше доста интересно и тогаш сфатив дека бенд вистински ме исполнува. Започнав да учам гитара, одев и на часови, гитарата ме освои. Во 2011 го формиравме бендот Визија и се уверив колку е убаво чувството кога својата авторска музика ќе ја презентираш пред публика. Настапивме на голем број домашни фестивали и во регионот, во Србија, БиХ, Црна Гора и Бугарија, свиревме на Заечарска гитаријада и на Егзит, имавме концертни настапи во Дижон, Франција и во Патра, Грција. Свирењето е нешто што навистина ме полни со позитивна енергија и ме чисти од негативната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Во 2017 година, со interrail билет за железница, бев на триесетдневно патување низ Европа. Посетив десетина држави. Тоа беше доживување и вистински ме навлече на патувањата. Ама, кога се вратив дома, се запрашав, зарем немаме и ние во Македонија убави и атрактивни места за посета. Решив, сакам да ја истражам Македонија. Чувствував некаква потреба, да дознаам какви сѐ убавини крие оваа наша земја, да се уверам дали далечните патувања кријат поубави и поспецифични места или зад тоа повеќе има добар маркетинг, додека ние самите овде не сме информирани за нашите скриени бисери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Патувањето низ Македонија ми стана пасија и почнав моите фотографии и видео материјали активно да ги објавувам на мојот инстаграм профил, сакајќи да ги доближам оние скриени и не многу познати убавини на Македонија пред нашите сограѓани. И не само што тие наши бисери ни се многу попристапни, туку и навистина, на секое ново патување сум сѐ повеќе и повеќе изненаден од тоа што сѐ се крие во ова парче земја.

4. Од сите места во Македонија, кои ти се топ пет каде секогаш се навраќаш и зошто?

– Најчесто сакам да истражувам нови места и преферирам да одам на места кои не сум ги посетил, но доколку треба да издвојам некои од омилените места каде што повторно и повторно би одел да се препуштам на природата, би ги издвоил Лешница, Длабок дол и Сифулајка на Кожуф, Врбен, Орел…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

5. Од европските места кои си ги истражил кое е идеално место според тебе за живот за луѓето со авантуристички дух?

– Како мои омилени градови кои сум ги посетил можам да ги издвојам Ротердам, Љубљана, Сараево и Париз. Но, со сигурност би сакал некогаш убаво да ги истражам скриените убавини на швајцарските Алпи, да го пропатувам Исланд и дефинитивно да ја набљудувам поларната светлина, позната како aurora borealis.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

6. Што ѝ недостасува на нашата генерација (младата) за да се дружи повеќе со природата?

– Сметам дека не секој е подготвен да се впушти во близок контакт со природата. Најпрво е потребна едукација, кампања наменета за поширокото население, за почитување на природата и културното наследство. На многумина им недостасува свест и одговорност, свест и одговорност пишани со големи букви. Навистина е мачно, поразително, ама и голема срамота, кога гледаме како странскитевтуристи, вчудоневидени од лошите глетки во прекрасните македонски краеви, се фаќаат за работа и ни го чистат ѓубрето од Матка, преку Охрид до Водно, Вардар…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

 

Слични објави

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо
Се вчитува....