9.8 C
Скопје
06:52 - 10 мај, 2026

(ФОТО) МАКСИМАЛИЗАМ, новиот популарен ТРЕНД ВО УРЕДУВАЊЕ на домот

Можеби звучи како парадокс дека ако живеете во помал стан, треба да бидете водени од принципот „повеќе е повеќе“. Сепак, тоа е нов тренд во дизајнот на ентериер кој го освојува светот и тоа со добра причина. Оваа филозофија за украсување дома може всушност да го трансформира вашиот мал простор.


Според „Pinterest“, луѓето го бараат терминот „максималистички декор“ многу повеќе од пред една година. Ненадејната популарност на максимализмот е веројатно резултат на луѓето што поминуваат повеќе време дома, па затоа сакаат да го направат својот простор пријатно прибежиште.

Максимализмот е естетика водена од принципот „повеќе е повеќе“. Така, на пример, во него спаѓаат светло обоени ѕидови покриени со уметнички дела, многу растенија и необичен мебел.


Мишел Фахми, дизајнер на ентериер, за Инсајдер истакнува дека максимализмот е убав кога се применува правилно.

„Има нешто во врска со максимализмот што им овозможува на луѓето да бидат слободни и да експериментираат, да се забавуваат со предмети и да избираат дизајни во нивниот простор. Максимализмот им дава слобода на луѓето да се изразуваат преку своето опкружување“, вели таа.


Идејата е да го пополните просторот со работи што ги сакате, на начин што ве прави среќни. Кога вашиот дом е полн со сите работи што го задоволуваат вашето око, тоа всушност може да ви го подигне расположението.

Фахми вели дека максималистичкиот декор всушност може да направи домот да изгледа поголем, што го прави дополнително одличен избор на уредување на мали простори.

Трикот за постигнување максимализам во вашиот мал простор е да се осигурате дека боите, текстурите и дезените изгледаат добро заедно. Затоа треба да изберете предмети кои имаат слични модели или форми со цел да создадете чувство на кохезија. На пример, вашиот кауч и полицата за книги може да имаат слични, заоблени рабови или можете да изберете перници идентични со дел од вашиот килим.


Важно е да се има предвид дека дури и максималистичките апартмани мора да имаат празен простор, така што просторијата не изгледа преполна. Можете да создадете „негативен“ простор оставајќи празни делови од ѕидовите, со избирање отворени полици или со делови од подот кое не се покриени со тепихот.

Фахми исто така ги советува луѓето кои сакаат да пробаат максимализам полека да ги украсуваат просториите, отколку да натрупаат сè одеднаш. Може да додадете една впечатлива ставка и потоа размислете како да ја надградите со други детали. Не мора да купувате нови работи, но можете да ги изложите сувенирите од патувања и сите други предмети што ве прават среќни и ви будат позитивни спомени.

Слични објави

Тања Бошковиќ призна дека во младоста ги малтретирала колегите: И ден-денес ми е срам за тоа

Т.Ц.

(Видео) Згодната водителка среде пренос доживеа симпатична незгода: „Ова мора да е шега“

Т.Ц.

„Копав компири и кромид“: Нада Топчагиќ откри како го поминала Први мај

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ со шокантна објава за љубовта: „На жената ѝ даваш семе, таа ти раѓа дете“

Еспресо

„Љубовта е над човекот – не е само да се вљубиш, туку да станеш љубов“: Каде е денес турската актерка што ја толкуваше Аси, ликот што обележа една телевизиска ера?

Т.Ц.

Интимен момент на Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Овој детаљ открива каков е нивниот однос по разводот

Т.Ц.
Се вчитува....