04:17 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Време за мантилчиња, проверете кога!

– Како што најавивме до вторник ќе се задржи постудено време, а во вторник ќе има и нешто повеќе облачност кога ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели, додека наутро и тоа особено утре температурите понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, од средината на неделата следува ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и вистинско пролетно време со многу сонце. Температурите тогаш понекаде ќе надминувцаат и 20 степени. Сево ова е најава дека пролетта полека но сигуно ќе започне да се буди, а инаку таа календарски пристигна попладнево во 16 часот и 33 минути. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Нешто повеќе облачност ќе има само во вторник. Веќе од средината на неделата ќе има повторно многу повеќе сонце а температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....