11.8 C
Скопје
03:01 - 3 мај, 2024

„Антибиотик“ одгледуван под земја: Војниците во двете светски војни го користеле како превенција

Неодамнешно истражување кое е спроведено од Државниот универзитет на Вашингтон тврди дека состојка пронајдена во лукот е за 100 пати поефективна од двата најпопуларни антибиотици кои се користени во третманот на цревни инфекции кои се предизвикани од кампилобактер бактериите.

Многу други конкретни истражувања тврдат дека лукот има неверојатни лековити способности. Лукот, кој исто така е нарекуван „смрдливата роза“, е користен низ многу векови наназад како храна и лек и е најчесто користен како антисептик – кој е нанесуван директно на раните за да превенира инфекција.

На почетокот на 18 век, во Франција гробарите наводно пиеле вино помешано со толчен лук за да ги заштити од чумата. Исто така им било давано и на војниците во двете светски војни да превенираат гангрена која е предизвикана од бактериска инфекција. Здравствените придобивки на лукот се движат од превенција на инфекции до користење на лукот како антиоксидант.

Како всушност лукот ги уништува непријателските бактерии?

Неодамнешно истражување објавено во „Дневникот за антимикробна хемотерапија“ открило дека состојка која е наречена диалил сулфид ефективно навлегувала во заштитниот био – слој кој е формиран од колонии на бактерии (кампилобактер бактериите), пишува „Тhe Chalkboard“.

Активната состојка на лукот го разградува овој слој на бактерии и со тек на време ги уништува бактериите. Лукот е одличен непријател на сезонскиот грип кој знае да направи големи компликации. Освен тоа, лукот е способен да дејствува како антибиотик што е особено важно заради тоа што прекумерната употреба на антибиотици носи многу големи последици.

Истражувачите напоменале дека кампилоактерот е 1000 пати поотпорен на антибиотици заради неговата природна заштита. Тие исто така биле фасцинирани од фактот дека состојките во лукот биле способни да ја уништат бактеријата во само мал дел од времето пак кое им е потребно на антибиотиците како еритромицин или ципрофлаксин.

Лукот содржи голем ранг на на тиосулфините како алицин кои се одговорни за антибактериската активност. Хранливите состојки, антиоксидансите и анти-воспалителните состојки во лукот ја прават оваа храна извонреден природен лек.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....