20.8 C
Скопје
02:49 - 12 септември, 2026

Митови и вистини: Дали чистењето со оцет нè штити од вируси и бактерии?

Бидејќи коронавирусот го парализираше целиот свет, сите знаеме колку е неопходна дезинфекцијата на просторот.

Од сите страни се појавуваат совети за дезинфекција на просторот и предлог средства, а таа преплавеност со информации само нѐ прави повеќе збунети.

 

Сепак, понекогаш не мора да верувате во сè што ќе прочитате!

Техниката што ја користите за чистење на вашиот дом или работен простор е ваш избор, но со средствата ќе треба посебно да внимавате. Секогаш прочитајте како точно се користат и дали тоа средство навистина има моќ да дезинфицира.

 

Не е точно дека сите средства за чистење истовремено и дезинфицираат!

Пред да купите одредено средство за дезинфекција детално прочитајте што е напишано на производот. Производот може да има ефект да отстранува дамки или нечистотија, но тоа не значи дека има моќ да убива бактерии и вируси.

Има и многу средства на билна основа кои се исто така многу делотворни при дезинфекција на просторот и површините. Можеби ќе треба повеќепати да се помине површината со средство на билна основа и делувањето на истото е многу по споро, но е поздраво од оние на хемиска основа.

Секако средствата на хемиска основа благодарение на нивното брзо делување ќе бидат во многу ситуации неопходни, но тоа не значи дека и средствата за дезинфекција на билна основа нема да ни користат во одредени случаеви.

Многу домаќинки ги дезинфицираат своите домови со оцет, верувајќи дека така ги убиваат бактериите. Сепак, според ЦДЦ и НДФ (организации за здравје и безбедност), тоа е погрешен чекор. Точно е дека ќе се ослободите од дамките или бигорот, но дефинитивно нема да ги дезинфицирате површини со обичен оцет.

Исто така, луѓето мислат дека средства за дезинфекција работат во првите неколку секунди, но тоа не е точно. Потребно е време за совршено да се дезинфицира просторот и да се ослободи од бактериите. Не е важно колку е добар или лош производот што го користите, важно е да го нанесете и да го оставите да делува некое време на површината која сакате да ја дезинфицирате, а дури потоа да избришете со крпа.

Ниту едно средство за дезинфекција нема моќ да дезинфицира во истиот момент кога ќе го нанесете. Затоа следете ги внимателно упатствата и почекајте колку што е потребно за да бидете сигурни и безбедни.

Секогаш бидете заштитени соодветно кога дезинфицирате одредени површини и бидете трпеливи и темелни при секоја дезинфекција на секој простор

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

„По 50-та веќе немам време за туѓите очекувања“ – личната приказна на велнес-советничката Марина Петровска

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

„Знаев што оставам. Не знаев што ме чека“ – Личната приказна на Марина Петровска како инспирација да излезете од зоната на сигурност

Еспресо
Се вчитува....