17.8 C
Скопје
09:59 - 13 мај, 2024

Криза за храна, кои 53 земји први ќе бидат на удар на глад

Војната во Украина и запирањето на извозот на пченица во 53 земји ќе предизвикаат глад од огромни размери. Алармот го вклучија ОН. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја потврди кризата за време на важен самит организиран во Њујорк. Во оваа прилика, Гутереш објави дека руско-украинскиот конфликт ја влошува несигурноста за храната на глобално ниво. Несигурноста веќе е компромитирана од пандемијата и од затоплувањето на температурите.

Од ОН поплака имаше и од првиот човек на Светската програма за храна Дејвид Бисли. За време на неодамнешниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации со кој претседаваше американскиот државен секретар Антони Блинкен, Бисли рече: „Навистина се наоѓаме во криза без преседан. Цената на храната е нашиот проблем број еден во моментов. Но, во 2023 година ќе има проблем со достапноста на храната. Кога земја како Украина, која одгледува доволно храна за 400 милиони луѓе, ќе згасне, тоа создава нестабилност на пазарот, што сега го гледаме – и додаде тој -. Неуспехот да се отворат пристаништата во регионот на Одеса ќе биде објава на војна за глобалната безбедност на храната. И тоа ќе резултира со глад, дестабилизација и масовна миграција низ целиот свет“.

Кризата со хана е алармантна, како резултат на војната меѓу Украина и Русија, а дури 53 земји први ќе почувствуваат ризик од глад. Станува збор за земји кои трошат околу 60% од приходите на храна и страшно страдаат од поскапувањето на пченицата и оризот, соопштува „колдирети“.

Според Конфрагрикултура, има 50 земји кои зависат од увозот на пченица од Русија и Украина, вклучувајќи ги Еритреја, Сомалија, Мадагаскар, Танзанија и Конго, а 53 земји се соочуваат со ситуација на криза со храна, меѓу кои Сирија, Палестина и Ирак.

Уганда, Грузија и Руанда се главните увозници на руска и украинска пченица. Ако ги земеме податоците за 2019 година, најновите достапни и обработени од Our World in Data, државата која најмногу зависи од руската и украинската пченица е Уганда. Република Уганда – источноафриканска држава со над 46 милиони жители во 2020 година – увезува 99,17% од националната понуда на пченица од двете земји од поранешниот Советски Сојуз, со што речиси целосно зависи од двете нации кои моментално се во војна.

На втора позиција е Грузија со 75,38% од увозот на пченица – заклучно со 2018 година – додека на трета е Руанда со 74,45%.

На првите позиции во светот има и побогати држави како Обединетите Арапски Емирати, кои увезуваат две третини од пченицата од Русија и Украина.

Во првите 10 позиции се појавува и Израел, која од процентот од 2,92% во 2010 година се зголеми во 2019 година на над 55,30% од руско-украинската пченица од вкупниот број.

Уганда, 99,16%
ОАЕ, 67,08%
Ерменија, 56,55%
Израел, 55,30%
Сенегал, 53,95%
Либан, 50,49%
Азербејџан, 43,51%
Египет, 42,53%
Кенија, 39,18%
Турција, 39,15%

Сегашната ситуација, според „Колдирети“ пак, ќе влијае и на најбогатите нации кои ќе бидат обземени од инфлација: околу 6,1% во еврозоната и намалување на растот на БДП. Меѓутоа, и во посиромашните нации, сиромаштијата со храна брзо ќе се прошири, особено во Азија и Западна Африка  регион кој е зависен од увоз на храна и ѓубива од Украина и Русија.

 

Слични објави

Астропрогноза за понеделник, 13 мај: Неочекувани можности за Овните, успешен ден за Лавовите

еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ се пофали со „тазе“ невестата: Еве и кој му е кум

еспресо

Доаѓаат пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат до крајот на неделата

еспресо

(Фото) Меган Маркл блесна во друштво на принц Хари: Секси фустан што ја нагласува силуетата

еспресо

(Фото) Се омажи внуката на Бата Живојиновиќ: Прекрасната Дина блесна во раскошна венчаница

Еспресо

Јелена Карлеуша открива нови детали од бракот со Душко: „Јас сум таа која ја одржува таа заедница…“

еспресо
Се вчитува....